Современ апартман уреден во индустриски стил
Во една стара зграда во Варшава, во која се наоѓала фабрика за производство на вотка, преуреден е нов стан во индустриски стил. Дизајнот на „Конесер“ апартманот го изработиле „Soma Architekci“, студио за дизајн на ентериер од Полска. Овој современ апартман е голем 78 метри квадратни.
„Оваа фабрика беше пример за Европската архитектура од крајот на 19-от век. Црвените тули, со тесните прозори, прекрасните корнизи и заоблените тавани создаваат автентично чувство,“ вели дизајнерот на апартманот.
Срцето на просторот е составено од отворена кујна, дневна соба и трпезарија, уредени со модерни елементи и детали во индустриски стил. Фокусна точка во дневната соба е реновирниот ѕид од тули. Дел од мебелот и елементите за осветлување имаат метална структура, што го зголемува индустриското чувство во овој стан. Покрај индустрискиот стил, декоративните елементи како, перници, меки ткаенини и килими, го прават станот топол. Природна светлина од надвор го исполнува целиот стан, која продира низ автентичните големи прозори.
Уживајте во галеријата.