Поставување на камен-темелник на третиот објект „Connect 5“
Вчера беше поставен камен-темелникот на третиот објект „Connect 5“ кој се наоѓа на истата локација во Аеродром – населбата која е спој на историјата и иднината, на старото и ново Скопје, на традицијата и архитектурата, со отворена панорама на метрополата и единствено место за живот кој фантазијата ја претвора во реалност.
За она што можат купувачите да го очекуваат од „Connect 5“ во однос на останатите два објекта, поразговаравме со генералниот менаџер и сопственик на компанијата Елена Пандева.
„Продолжуваме со квалитет, што го наметнавме и со претходните градби, но секако, подобрен и модернизиран и во поглед на материјали и во поглед на изведба. Користиме првокласни материјали на сите нивоа, ги следиме актуелните трендови во градежниот свет, со цел да им го понудиме најдоброто на нашите клиенти. Со „Connect 5“ ќе се заокружи приказната за комплексот во Аеродром, во кој вклучивме и одличен деловен простор, кој веруваме ќе биде провокативен и за луѓето од деловниот свет“ – изјави Пандева.
На свеченоста присуствуваа и дел од идните станари на објектот, кои не го криеја задоволството за започнатата работа.
„Денеска сум навистина среќна. Гледам многу насмеани лица. Го одбележавме започнувањето на третиот објект на традиционален начин, со сите почести. Прекрасно е кога давате и примате љубов, а јас сум почестена што овие луѓе ја дале довербата на „Елена Лука Хоум““ – вели Елена.
Таа додаде и покрај тоа што се заокружува приказната за населба Аеродром, компанијата продолжува со својата работа.
„Верувам дека повеќето се запознаени со идните планови. Продолжуваме да работиме на уште две атрактивни локации. Се работи за објектот „Divine“ во населба Црниче, помал, пријатен, идеален за семејни луѓе, како и модерниот проект „Twins“ во населба Карпош. Секој од нашите објекти има своја карактерност, со што сакаме да задоволиме сечии потреби и вкус“ – додава сопственичката.
Целата галерија со слики можете да ја погледнете на нашиот фејсбук профил.