15
Oct

Совршен спој на природата и архитектурата

Оваа зграда, која се наоѓа во Сингапур и која беше прогласена за зграда на годината во 2018 година, е составена од простори за домување, здравствени установи и социјални делови. Дизајнирана од студиото за архитектура и дизајн „WOHA“, зградата ја сочинуваат повеќе функционални нивоа кои се издигнуваат едно над друго и кои архитектите ги нарекле „вертикални села“. Нивоата одат се до покривот, кој е исполнет со живописни тераси покриени со локални растенија.

WOHA_Admiralty_2

„„Kampung Admiralty“ е првиот интегриран јавен простор во Сингапур во кој се споени повеќе јавни установи под еден покрив,“ велат архитектите.

Зградата е направена на три нивоа. Долното ниво е таканаречената „People’s Plaza“, каде што се наоѓаат многу продавници и ресторани како и пристап до градината. Во средината се наоѓаат здравствените установи. На најгорното ниво се сместени просториите за живеење споени со зелените површини.

kampung-admiralty-woha-singapore-architecture-waf-2018_dezeen_1704_col_16

kampung_admiralty_pbh_076

kampung-admiralty-woha-singapore-architecture-waf-2018_dezeen_1704_col_17

WOHA-kampung-admiralty-singapore-designboom-06

Зелената површина ја покрива речиси целата зграда. Зеленилото вклучува и мали парцели кои им се поделени на станарите кои сами ги одржуваат. Клупите се поставени на стратешки места како би ги поттикнале луѓето да седат заедно на нив и да се дружат.

KampungAdmiraltyASBlog12

kampung-admiralty-woha-singapore-architecture-waf-2018_dezeen_1704_col_6

На фестивалот за архитектура од целиот свет одржан во Амстердам, оваа зграда доби награда за зграда на годината за 2018 година. Жирито беше импресионирано од сите придобивки кои ги носи зградата на општеството.

„Овој проект е совршено изработен, почнувајќи од начинот како е поврзана зградата со транспортниот систем, па се до природната вентилација, како и фактот што сите имаат придобивки од тоа што е направена во повеќе споени слоеви, а не во одвоени високи блокови“.

ABUIABACGAAgsIei1gUopLXPswEwrwk4oAY

kampung_admiralty_08

kampung-admiralty-woha-singapore-architecture-waf-2018_dezeen_1704_col_1

kampung-admiralty-woha-singapore-architecture-waf-2018_dezeen_1704_hero_b