Необични навики на познати архитекти
Некои јадат само монохроматска храна, други проектираат во темница, додека пак некои многу се дружат со алкохолот. Секој архитект има некои свои „мани“ и „пороци“, исто како и секој од нас.
Сите имаме некои навики кои на другите можеби им се чудни. Но кога станува збор за познатите личности, нивните навики стануваат достапни за коментирање од страна на јавноста. Така и славните архитекти имаат некои свои чудни навики кои на некој начин и го опишуваат нивниот карактер. Еве неколку од нив.
Играње со една играчка цел ден
Чарлс и Реј Емес биле многу прудуктивен двоец, со преку 900 дела позади нив. Кога сакале да примат некој нов член во својот архитектонски тим, му давале цел прв работен ден да си игра со една играчка, додека они го набљудувале и ја оценувале неговата личност.
Конзумирање алкохол
Не знаеме дали оваа навика припаѓа во чудни, но секако не е препорачлива. Сепак, една од главните карактеристики на славниот архитект Алваро Алтоа е токму конзумацијата на алкохол.
Недоволно сон
Леонардо да Винчи, Букминстер Фулер и Франк Лојд Врајт имале една заедничка навика. На секои три до четири саати додека работеле, правеле кратка дремка, додека во текот на ноќта, немале континуиран сон.
Алпинизам секоја година
Архитектонската фирма „Snohetta“ организира еднаш годишно тим билдинг на норвешките планини. Според зборовите на косопственикот на фирмата, Крег Дикерс, целта на ваквото патување е да се искористи времето поминато на планина за разговор, за тоа како фирмата работи и по кој пат да се движи во иднина.
Самобендисаност
Постојат многубројни приказни кои сведочат за фактот дека на славната Заха Хадид, најбитна личност во нејзиниот живот и била всушност самата таа. Еден од примерите е дека едно фотографирање за списанието Вог каснело неколку саати, се додека архитектката не го опремила целиот стан со предмети и мебел која го дизајнирала она.
Зголемена сексуална активност
Франк Лојд Врајт бил познат по својата исклучителна доза на креативна енергија што резултирало со тоа да ги започнува проектите само неколку саати после состанокот со клиентите. Меѓутоа, неговата сопруга тврдела дека Врајт имал и неверојатна сексуална енергија, дури и во своите осумдесети години.
Набљудување на корисниците на објектот
Кога би ја прашале архитектката Дениз Скот Браун која и е најголема сатисфакција во работата, отворено би кажала дека сака да ги набљудува луѓето како го користат нејзиниот објект. Додека го посетувала нејзиниот објект „Perelman Quadrangle at the University of Pennsylvania“, се одушевила кога видела група студенти како седат на скалите, баш како што таа и го замислила тоа. Некое време стоела пред нив и без зборови ги набљудувала со насмевка на нејзиното лице.
Проектирање во темница
За време на својата долга кариера, И.М Пеи почнал да се потпира на тоа, да ги развива проектите во глава, а не на лист хартија. Затоа сакал по неколку саати да седи во својата соба во темница. Повремено одел до бањата каде би забележал по некоја идеја. Ако не изгледало добро на хартија, се враќал повторно во својата соба да размисли уште еднаш.
Конзумирање монохроматска храна
Воден од реченицата „Вие сте она што јадете“, Луис Бараган како архитект кој ја славел бојата, бил познат по тоа што конзумирал само еднобојна храна.
Љубител на брзо возење
Како голем љубител на брзи и скапи автомобили, архитектот Рикардо Скофидио бил сопственик на vanilla Porsche од 1963 година, Saaba 96, Alfa Romeo 2000 GTV како и Jaguar XK150. Кога му било потребно да се опушти и да го испразни умот, возел брзо.