17
Oct

Совршено дизајнирани тавански простории

Оваа веранда, која покрива простор од 50 метри квадратни, лоцирана е на покрив на зграда со 12 ката, во Махараштра, Индија. Дизајнирана е од страна на „Studio Course“.

Veranda-on-a-Roof-01-1150x767

Замислен како релаксирачка област, овој простор бил дизајниран како фамилијарен. Содржи отворен балкон и покриена просторија, читална, декорирана со полици за книги изработени од високо квалитетно дрво. Во станот има малку мебел, што овозможува слободно движење во просторот и создава чувство на комфорт. Таванот со изложените дрвени греди и дава на собата топлина, додека бетонските ѕидови додаваат рустикален и индустриски акцент. Во аголот се наоѓа едноставна маса изработена од дрво и столче во различни бои кои заедно создаваат комфортен простор за работа.

Veranda-on-a-Roof-06-1150x767

Veranda-on-a-Roof-05-1150x767

Veranda-on-a-Roof-10-1150x919

Veranda-on-a-Roof-08-1150x919

Veranda-on-a-Roof-13-1150x767

Отворениот балкон е одделен од внатрешноста со стаклен ѕид. На балконот има едноставна кујна изработена од цемент и дрво, создавајќи елегантна комбинација. Таванот со елегантните греди, нуди заштита на затворениот простор. Подот од камења и бетон ги поврзува ентериерот и екстериерот во една совршена целина.

Veranda-on-a-Roof-03-1150x766

Veranda-on-a-Roof-16-1150x767

fgd

ghfcfcnb

ghfsgfh