Каква тајна се крие во најпознатите архитектонски градби?
Овие споменици и туристички атракции дневно ги посетуваат туристи од целиот свет. Сепак многу од нив не знаат што е сместено во внатрешноста на познатите градби.
Некои од најпознатите архитектонски чуда и градби на светот кријат бизарни и чудни тајни. Можеме да ги набљудуваме овие градби, а да не ни претпоставиме што се крие во нив. Овие импресивни зданија не се ништо друго освен гробници.
Таџ Махал
Една од најпознатите палати на светот, е всушност поклон од индијскиот господар за неговата сопруга, која се викала Таџ. Во оваа прекрасна градба се погребани и Таџ и нејзиниот сопруг.
Пирамидите во Гиза
Општо познато е дека пирамидите во Гиза се изградени како гробници за египетските фараони. Цела пирамида за само еден фараон. Прилично импресивно, нели?
Хумајунова гробница
Уште една гробница во Индија е туристичка атракција, а во неа е погребан господарот Хумајун, со членовите на неговата гробница.
Аниткабир
Овде е погребан Мустафа Ататурк, основачот и таткото на Турската држава.
Вестминстерска палата
Оваа катедрала е вечен дом на многу великани од светот на книжевноста. Вилијам Блејк, Лорд Бајрон, Чарлс Дикенс, Радјард Киплинг, сестрите Бронте и Џејн Остин почиваат тука.
Пантеон
Оваа славна градба прво бил храм посветен на боговите, но од време на ренесансата се користи како црква и гробница. Овде се погребани два италијански крала, сликарот Рафаел и уште неколку великани.
Базиликата Свети Петар
Се наоѓа во срцето на Ватикан и тука лежат моштите на Свети Петар, како и на 91 папа. Градбата била завршена во 1626 година.