Неколку идеи како да ја уредите вашата кујна
Срцето на домот, кујната, е најупотребуваната соба во куќата. Од одржување забави и дружби со гости, до фамилијарни оброци, кујната служи за најразлични цели и активности. Поради тоа потребно е да се искористат практични и стилизирани елементи за ентериерот кои ќе ги задоволат потребите на овој мулти-функционален простор.
Сепак, при уредување на кујната потребно е да се посвети внимание на повеќе елементи. Дали има доволно простор за складирање? Каде ќе ги поставите шпоретот, фрижидерот и другите кујнски апарати? Дали го имате избрано вистинското осветлување? И најважното, каков тип на дизајн му одговара на вашето семејство? 12% од нашиот живот го поминуваме во кујната, па затоа многу е важно таа да биде практична и естетски совршена.
Како би ви ја олесниле работата при реновирање и уредување на вашиот кујнски простор, одбравме неколку интересни дизајни, од современи и модерни, до кујни уредени во скандинавски и рустичен стил, кои се надеваме дека ќе ви помогнат да го донесете вистинското решение.
Уживајте во галеријата.