Како да го направите вашиот дом топол и пријатен?
Не е важно дали сте минималист или максималист, дали живеете во мал апартман или во огромна палата, сите сакаат својот дом да им е топол и пријатен. Постојат неколку решенија при дизајнирање на домот кои можат да ви помогнат во таа намера. Зимата доаѓа, па редно време е да го претворите вашиот дом во топло и удобно место како од соништата.
Еве неколку совети како тоа да го постигнете.
Поставете kилими насекаде низ станот, каде што просторот тоа го дозволува. Kилимите и чергите го прават просторот топол и пријатен.
Добар начин да го направите просторот пријатен е да изберете неутрална палета на бои. Ова го прави просторот од една страна софистициран, а од друга страна атрактивен. Со додавање природни елементи и ароматизирани свеќи, се создава пријатен и топол простор кој го посакуваме.
Осветлување на елементите во станот е одличен начин да направите пријатна атмосфера. Додадете столни ламби во собите и ќе ја почувствувате разликата.
Додадете некое растение во просторот. Дали е тоа природно или вештачко, не е толку важно, секако ќе создаде едно прекрасно чувство на топлина.
Кога станува збор за материјалите, можете да употребите комбинација од кашмир, кадифе, со животински принтови и јаки светли бои.
Перници на подот! Оваа година, е дефинитивно нивна. Тие се функционални, стилизирани и создаваат дополнително место за седење. Совршен избор.
Направете го просторот топол и пријатен, додавајќи овча кожа. Декорирајте ги столиците и мебелот со неа и спремете се за ладните денови.