24
Oct

Импресивна „вкрстена куќа“ во Шпанија

Архитектонското студио „Clavel“ дизајнирале и изградиле прекрасна „вкрстена куќа“ лоцирана во Молина де Сегура, во шпанската област Мурсија. Овој имот, од кој има совршен поглед кон планините „Sierra de la Pila“ и „Valle de Ricote“, одлично ја искористува сончевата светлина и енергија.

Два импресивни објекти, долги 20 метри и високи 5 метри, се поставени под агол од 35 степени, еден над друг, што совршено ја доловува целта на архитектот, да се обезбеди приватност на долниот кат, а да може да се ужива во прекрасниот поглед од горниот.

_Portada01_Casa_Cruzada

Двата дела се поставени така да имаат совршено природно осветлување во внатрешноста и сенка во предниот дел од дворот каде што се наоѓа базенот. 10-метарското преклопување на двата објекти е клучниот елемент во целиот проект бидејќи е направено да го штити ентериерот и дневната соба од директна сончева светлина.

Casa_Cruzada_thecoolpool-720x409

Објектите се карактеризираат со заоблени агли од фасадата и рамките за прозорите. Прозорите се поставени на места од кои има совршен поглед кон околината. На долниот кат, целиот ѕид е од стакло и оттука се излегува на балконот. Двата краја од горниот кат се резервирани за спалните соби. Во дворот се наоѓа базен и место за релаксација.

02_Casa_Cruzada

crossed-house-clavel-arquitectos-murcia-spain-cantilever_dezeen_936_3

Додека фасадата е направена од цврст рапав мермер, подот во внатрешноста е изработен од мазни материјали. Другите детали вклучуваат дрвени елементи, полици за книги во сива боја и темен тапацир.

crossed-house-clavel-arquitectos-murcia-spain-cantilever_dezeen_936_4

crossed-house-clavel-arquitectos-murcia-spain-cantilever_dezeen_1568_2

tumblr_nxmac2isae1t2kenho5_1280