28
Oct

Почетоците на употреба на столб и греда во градежништвото

Основните конструктивни елементи кои се применуваат и денес во современото градежништво датираат од периодот од 3000 години пред наша ера.

Праисторискиот споменик Стоунхенџ во Англија, најпознатиот пример од мегалитската архитектура ( мегалит – на грчки голем камен ), се состои од исправени камени блокови со висина од околу 4 метри и тежина од околу 25 тона, поставени во два круга, внатрешен и надворешен, над кои се наоѓаат хоризонтални монолитни грамади.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

За нас е најинтересен фактот дека градителите за прв пат во историјата употребиле архитравен систем, тогаш сеуште во примитивна форма, грубо и најверојатно ненамерно, но сепак ги употребиле столбот и гредата во изградбата што суштински не се разликуваат од денешното градење од таа врста.

Стоунхенџ е направен во периодот од 3000 до 2000 години пред наша ера, од кој нема запишани податоци, така што многу прашања поврзани со начинот на изградбата и целта поради која е изграден објектот, остануваат сеуште во доменот на теоријата. Поголемиот број од научниците сметаат дека овој објект имал улога во изведбата на паганските ритуали од тоа време.

Stonehenge at Dawn Inside the Circle; Shutterstock ID 625998677; Purchase Order: -

stonehenge-aerial2

topic-stonehenge-gettyimages-682586546