Блог

Овој стан е сместен во Киев, Украина. Дизајнот на ентериерот е комбинација од арт деко стилот и американскиот стил, а крајниот резултат е модерен простор со боемски амбиент. Главна улога во целиот дизајн имаат декорациите и акцентираните елементи како големиот цртеж во дневната соба или ураменото уметничко дело во спалната соба, кои му даваат на просторот одреден шарм.

Art-decor-apartment-painting-on-wall

Дневната соба, кујната и трпезаријата се поврзани и отворени меѓусебе. И покрај таа отвореност, секоја просторија си има свој карактер и декор кој ја издвојува од другите. Дали е тоа голем цртеж на ѕидот, интересен лустер или необична софа, секогаш има еден елемент кој се издвојува.

7

10

Art-decor-apartment-lounge-area

Art-decor-apartment-living-area

Кујната е отворена и во неа елементите се во зелена и црна боја. Работната маса завршува со продолжеток кој може да се користи и како маса за јадење. Собата добива доволно светлина бидејќи е поставена до прозорот.

6

9

5

Art-decor-apartment-fold-down-table

Тапетите исто така играат важна улога во целосниот дизајн на ентериерот и е еден од елементите кој го прави арт деко стилот целосен. Уште еден елемент што се повторува се огледалата.

Спалната соба има боемски стил, декорирана со тапети и килими кои имаат иста шара и контрастни бои. Тоалетната маса е најважниот елемент кој се издвојува во собата како и потполно истите ноќни масички.

1

4

Art-decor-apartment-bedroom-tufted-headboard

Во бањата, комбинацијата од бел и син мермер создава релаксирачка атмосфера. Огледалото и уметничкото дело се контрасни на кадата.

2

3