Дали знаете дека?
Иако градежништвото важи за машка професија Elena Luka Home како една од лидерските градежни компании предводена од г-ѓата Елена Пандева која е сопственик и на најголемата модна куќа во Македонија – Elena Luka, покажа дека женската енергија и естетика се многу важни во оваа професија. Од нашето досегашно искуство можеме да кажеме дека мажите се оние кои при купување на домовите повеќе внимание посветуваат на техничката спецификација на домовите, додека жените секогаш ги забележуваат фините работи, топлината и светлината на домовите и веќе ја имаат крајната слика за својата кујна, за својата дневна, балкон полн цвеќиња… со еден збор за својот дом.
Познавајќи ги сите тие фактори, Elena Luka Home останува доследна на сите. Како искусна градежна компанија работиме со врвни материјали и квалитет, ги почитуваме роковите, ги имплементираме сите најнови методи и технологии во работењето но и исклучително внимание посветуваме на ентериерите, на естетиката, функционалноста и топлината на домот.
Еве еден факт од нашите последни статистики кои сметаме дека би бил интересен за Вас.
Дали знаете дека во Connect 5 заинтересираноста за станови е речиси подеднаква кај мажите и кај припадничките од понежниот пол. Но, сепак во овој податок победата оди кај жените кои за мал но значителен процент (Мажи 43,33%, Жени 56,66%) ги водат мажите.