29
Feb

8 бои за спалната соба кои ќе направат да се будите посреќни

[stm_post_info]

Ние први ќе признаеме дека будењето во раните утрински часови и напуштањето на топлата постела не е секогаш примамлива помисла, но доколку создадете спална соба која ви дава енергија и ви го подобрува расположението, будењето ќе ви биде многу полесна активност. Познато е дека боите можат да влијаат на  расположението, па затоа наш совет е да ги употребите во спалната соба. Погледнете ги нашите предлози за тоа кои бои би донеле радост во живеењето.

1. Ледено Сина – Оваа смирувачка мека сина боја прави да се чувствувате како да Ве облеал бран од свеж воздух кога влегувате во собата. Додава етеричен квалитет на секој простор, но нуди и тон на разноликост што ја прави оваа боја совршена за во спалната соба. Ленената постелнина и импровизираната стол-маса придонесуваат кон таа лесна, недовршена елеганција.

2. Бледо беж – Кој вели дека беж бојата е здодевна? Со својата разновидност, топлина и суптилност, бежовата боја е една од најдобрите бои кои може да ги искористите во Вашата спална соба. Супер лесниот кафено-сив тон е биде доволен контраст во бел ентериер и ќе внесе топлина во било кој простор. Оваа комбинација ќе Ве потсети и на долги прошетки по песочни плажи. Додадете весели бои со тоа што ќе ставите шарени перници на креветот.

3. Теракота – оваа гостинска соба добива топол тон преку зидовите во теракота боја, а впечатливото уметничко дели ја разбива темната боја на многу пријатен начин, Иако кафеавата боја не е првата боја која би Ви паднала на памет за да ја употребите во Вашата спална соба, ова топло ќоше со сигурност ќе Ве премисли. Фактот што изборот на боја е неочекуван, ја прави совршена за оние кои не се плашат да експериментират во уредувањето, но не сака заслепувачки неонски или весели пастелни бои.

4. Жалфија зелена – Наместо да ги фарбате зидовите, додадете впечатлив таван како што тоа е направено во оваа соба. Го привлекува вниманието и ги прави работите интересни и неочекувани. Оваа боја исто така е и смирувачка и забавна.

5. Невен жолта – оваа спална соба докажува колку убаво изгледа невен жолтата боја кога ќе се искомбинира со морнарска сина и маслинесто зелена боја. Оваа сончева боја убаво изгледа и кога ќе ја искомбинирате со впечатливи металик парчиња кои даваат погламурозен естетски изглед. Размислете да инкорпорирате сијалици во бронзена боја и столици со интересни рамки. Овие детали ја акцентираат убавата жолта боја.

6. Виолетова – доколку не сакате бојата да преовладува во просторот или сакате на собата да и дадете форма, тогаш решението е color blocking. Има многу начини како да си играте со овој тренд, од посуптилно едноставно тонирање до мурали. Оваа спална соба е некаде помеѓу.  Доколку овој изглед ви се допаѓа, тогаш офарбајте ги панелите во потемна боја, а оставете ги зидовите со посветла боја. Потоа додадете низок кревет за уште повеќе да се види оваа смирувачка комбинација.

7. Минт зелена – Комбинирана со фстак зелен тапациран кревет со хеклана покривка во ретро стил, оваа спална соба припаѓа во куќата од вашите соништа. Традиционалната слика со пејсаж и столот од топло дрво одговараат преубаво со минт зелената боја на зидовите.

8. Праска – Во ова студио во Скандинавски стил, ѕидовите во праска боја се контрасни на црно-белите слики. Но, мекоста е потенцирана со тепихот од јута и ленената постелнина. Оваа нијанса на розева боја исто така може да се комбинира и со челични сино-сиви тонови, па дури и светло црвена боја за неочекуван ефект.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]