Зошто е подобро да купите стан во изградба?
Иако многумина во нивната потрага по идеалното живеалиште преферираат веќе изграден стан, сепак да се избере стан во зграда која е се уште во изградба си има свои предности. Прочитајте подолу зошто кои се предностите да купите стан во изградба.
Пониска цена – со купување на стан во изградба ќе може да си дозволите поголема квадратура со истиот буџет, затоа што цената е пониска за зграда во изградба. Штом зградата се заврши, цените се балансираат за да се изедначат со останатите станови во околината. За се што Ве интересира во врска со цени и начини на плаќање, оставете го Вашиот контакт ТУКА и еден од нашите агенти ќе Ве информира.
Подобри опции – кога резервирате стан во изградба имате повеќе опции да изберете живеалиште на кој кат и ориентација сакате. Како што напредува изградбата на зградата, толку помалку опции имате. Доколку барате готови станови, тогаш ќе морате да се задоволите со становите кои се понудени на пазарот. За слободни станови во објектите на Елена Лука Хоме информирајте се тука.
Можност за измена – кога купувате готов стан, немате можност да го прилагодите на Вашите потреби. Нашите архитекти се секогаш подготвени да Ви излезат во пресрет и да го направат Вашиот дом од соништата.
Повластена стапка на ДДВ – доколку се одлучите да купите нов стан, постои повластен данок на додадена вредност од 5%. Тој важи за прво купување на нов стан, односно купување на стан од инвеститор. Повластената даночна стапка од 5% на првиот промет на станови и станбени згради ќе се применува до 31.12.2023 година.
Elena Luka Home има неколку успешни проекти зад себе, а за зградите во изградба може да се информирате ТУКА.