Блог

  • Прв чекор во дизајнирањето на функционална кујна е изборот на плотна која одговара на Вашите потреби. На крајот на денот, на овие работни површини се случува магијата наречена готвење. Исто така, тие се главниот визуелен елемент во секоја кујна: први се забележуваат кога ќе ја погледнете кујната и и даваат специфичен тон.
    Материјалите кои ќе ги изберете, без разлика дали се неуништливи композитни плочи или рачно изработени плочки, треба да бидат стилски, но и практични.
    Изборот на вистинската кујнска плотна може да биде тежок. Првенствено, има многу опции помеѓу кои треба да одлучите, а за да го направите тоа треба да имате познавање за тоа што се нуди на пазарот.
    Во овој водич ќе најдете сѐ што треба да знаете за кујнските плотни како би донеле вистинска одлука. Но, пред да се заљубите и инвестирате, погледнете ја оваа листа која секогаш треба да ги имате на ум без разлика за каков материјал сте се одлучиле.
  • Боја и дизајн – односно да се вклопуваат во стилот кој сакате да го доловите.
  • Големина и облик на материјалот – дебелина, должина и стил на работ на плочата.
  • Интеграција со кујнските плочки – односно дали ќе одговараат стиловите.
  • Кујнски остров – може и да го немате, но доколку го имате треба да одговара со плотната.
  • Издржливост на материјалот и колку лесно се одржува – размислете како ќе го употребувате просторот.
  • Вкупен трошок на сопственост – не само иницијално, туку и идните трошоци за одржување.

Со ова на ум, прочитајте подолу за да дознаете како да ја донесете најдобрата одлука за Вашиот простор и буџет.

courtney-hill-kitchentrends-2020-1574436909

Ламинат

Oвој непорозен акрилик може да го најдете во безброј варијанти, па затоа е идеален за оние кои сакаат да ,,лудуваат’’ со бои и патерни, без разлика дали сакаат монохроматски изглед или игриви дизајни. Со развојот на новите технологии, овој материјал стана поцврст, но ламинатот е сѐ уште буџетска опција. И покрај многуте опции кои ги нуди, ламинатот не е издржлив на голема топлина (не го оставајте жешкото тавче директно на него!) и со текот на времето може да почне да се лупи.

 

processed

Керамички плочки

Плочките се очигледно решение за кујнските ѕидови, но може да изгледаат прекрасно и на работната површина. Тие се совршени доколку сакате да постигнете ретро изглед. Меѓутоа, бараат често да се рефугираат за да останат чисти. Иако, белата фуга е најкористена, може да ги истражите Вашите опции бидејќи има многу различни бои и видови на фуга на пазарот. Плочките се далеку поиздржливи на топлина од ламинатот, па ќе може Вашите топли тави и чинии да ги оставите директно на нив.

processed1

Солидна површина

Tоа е всушност вештачки камен, микс од природни материјали (како камен) и акрилни сврзувачи. За разлика од природниот камен кој фаќа патина со текот на времето, солидната површина ќе изгледа старо и истрошено, но сепак е издржлив материјал. Отпорна е на повеќето кујнски средства за чистење, а е и најефтината опција за кујнска плотна.

solid

Кварц

Идеален е за луѓе со брзо темпо на живот бидејќи не бара полирање и има двојно поголема отпорност на удари од природниот камен. Но, малку е чувствителен на топлина, па затоа не ги оставајте топлите тави директно на плотната. Плотните од кварц се прават со мешање на смола и полимери за да се создаде исклучително издржлива површина која изгледа како природен камен. Оваа мешавина од природен камен и синтетички смоли ја прави плотната поотпорна на кујнските средства и хемикалии од природниот камен, така што ќе изгледаат чисти во секое време. Некои високо-квалитетни кварцни материјали можат да бидат скапи како природните.

quartz02

Терацо

Tоа е композитен материјал составен од делови од мермер, кварц, гранит, стакло и други материјали кои потоа се леат во хемиска смола. Овој материјал бил многу популарен во 80-те, а од 2017 година овој тренд повторно оживеа со што се докажа дека овој стил е безвременски. Терацо доаѓа во плочки, некои поголеми од други.

terazzo

Бакар 

Не е толку популарен како другите материјали, но е во пораст. Работните плотни од бакар се навистина нешто посебно. Тие додаваат посебен акцент кој не може да се реплицира од друг материјал, чувство дека имате нешто навистина специјално и функционално во едно. Се прават по порачка, но не се толку скапи како природниот камен.

copper

Месарски блок

На оваа површина ќе може директно да ја подготвувате храната, а тоа ја прави оваа плотна многу практична. Повременото премачкување со масло вреди доколку го сакате топлиот, рустичен изглед. Користете специјална завршна смеса за да ја направите поотпорна на топлина и вода.

55+ BLACK KITCHEN CABINETS DESIGN

Дрво

Aко месарскиот блок не Ви фаќа око, но Ви се допаѓа топлината изберете дрво за Вашата кујна. Дрвото ги убива бактериите побрзо од било која површина, што го прави идеално за во кујна. Не само што изгледа безвременски, многу е лесно за одржување доколку го набавите од добри производители кои користат високо-квалитетна завршна смеса. Доколку редовно ги поминувате со восок ќе бидат поиздржливи, иако со тек на времето ќе покаже извесно истрошување. Што се однесува до цената, се зависи од каде ќе го купите.

wormy_chestnut_wood_countertop

Бетон 

За љубителите на индустриски дизајн, бетонот е идеално решение. Очигледно издржлив, на бетонот лесно се задржуваат дамки, па затоа не е за перфекционистите (иако заптивна смеса ќе го минимизира тоа). Поефтин е од мермерот, но поскап е од ламинатот. Може да го копирате изгледот со тоа што ламинатот ќе го премачкате со боја која емитира бетон, а има и големи керамички плочи кои го имитираат изгледот.

3 Kitchen Countertop Trends And 25 Examples

Кварцит

Веднаш да напоменеме – каврцит не е исто со кварц. Овој скапоцен природен камен е сличен со мермерот и ониксот. Со гранитот, кварцитот е еден од најотпорните природни камења на топлина и гребење. Но, кварцитот знае да биде високо порозен, па затоа не е најпогоден за фреквентно користење.

q

Гранит

Eден од најцврстите природни камења, но е малку поскап од другите материјали. Ова значи дека е најиздржлив, па затоа е погоден за семејна кујна која често се користи, а во која сакате да има елемен на луксуз. Исто така, гранитот е еден од најотпорните камења на топлина и оштетување, но за да се осигура неговата долговечност мора често да се премачка со заштитна обвивка. Интересен факт – гранитот е всушност кристализирана форма на жешката течна магма.

kashmir-white

Мермер 

Kога ќе се спомне мермер, веднаш асоцира на природен камен. Тој е всушност композиција од многу минерали како калцит, графит и др. За разлика од цврстиот гранит, мермерот е помек камен, па затоа не е толку долговечен. Иако така не е отпорен на оштетување, не може да му се одолее на неговиот лукс изглед.

marble

Оникс

Малку светкав и речиси прозирен, ониксот потекнува од варовничките пештери и е формиран од капење на водата, а тоа создава убави и уникатни шари. Може да го најдете во живописни бои на розева, зелена, портокалова и други. Многу е мек, дури и повеќе од мермерот, што значи дека не е толку траен. Но, со вистинската заптивна смеса може да биде подолготраен и поотпорен, иако треба да се очекува истрошување со текот на времето. Травертинот е сличен во изгледот, бидејќи исто така доаѓа од варовнички пештери и топли извори. Калцитот, травертинот и ониксот се единствените природни камења кои можат да бидат осветлени, со што нивниот природен сјај би дошол уште толку до израз.

6-Backlit-kitchen-countertop-600x600