16
Mar

Доколку сте фанови на внатрешниот дизајн и уредување, погледнете ги овиe 5 серии!

[stm_post_info]

Во овој период кога СИТЕ треба да седиме дома, мора да најдеме начини како да го пополниме времето. Доколку сте вљубеник во внатершниот дизајн и архитектурата, тогаш оваа листа е за вас! Погледнете 5 серии (некои се и со повеќе сезони) од кои можете многу да научите.

1.Amazing Interiors (2018 година)
Оваа серија од 12 делови која може да се погледне на Netflix се фокусира на обични домови со необични ентериери. Од брод – куќа на реката Темза  со неверојатен скандинавски дизајн до италијански апартман чиј што простор е максимално искористен со интересни идеи за складирање, овој серијал е богат со иновативен дизајн кој ги рефлектира страста и личната естетика на секој сопственик на дом.

2. The Great Interior Design Challenge (2014 година)
Целта на оваа reality серија е да ги најде најдобрите британски аматери дизајнери. Односно се бара „дијамант во калта“ кога се работи за внатрешен дизајн. Во секоја епизода се претставува една локација со дистинктивна форма на архитектура. Се фокусира на неколку учесници кои имаат 2 различни предизвици. Често, предизвикот вклучува редизајн на соба по брифинг на клиент. Им се дава одреден буџет и имаат 3 дена да го комплетираат. Доколку планирате да го реновирате вашиот дом, оваа серија е одлично место да најдете некоја идеја.

3Grand Designs (1999 година)
Ова ТВ шоу е прераснато во глобален феномен, со продажба на книги, месечно списание, награди за архитектура и изложба 2 пати во годината. На почетокот на епизодата, презентерот се среќава со клиентите, го посетуваат местото на градење  и го дискутираат планот за градење. Се следи процесот на изградба во текот на епизодата за на крај да се даде објаснување за целиот проект. Дизајнот е модерен, се зборува за енергетска ефикасност, максимизирање на просторот инт.

4Million Dollar Decorators (2011 година)
Во оваа серија ќе ги видите најскапите внатрешни дизајнери и како декорираат без буџет. Нивните клиенти се најбогатите луѓе во Лос Анџелес. 

5Tidying up with Mary Condo (2019 година)
Иако не е серија за внатрешен дизајн или архитектура, зад работењето на Mary Condo стои цела филозофија за чистењето и како убаво средените простори влијаат врз луѓето. Авторката издаде и книга која стана светски хит. Сега ќе имате повеќе време, па ќе може да ги искористите нејзините совети за организација.

Бонус: Minimalism: A Documentary About The Important Things
Во овој документарец се интервјуирани луѓе кои одлучиле да го отфрлат американскиот идеал дека нештата носат среќа и ги покажуваат предностите на филозофијата „помалку е повеќе“. Иако не е фокусиран на внатрешен дизајн, минимализмот е движење кое е тренд во моментов во дизајнерскиот свет. Затоа овој документарен филм е совршената инспирација и извор на знаење за да го внесете овој стил во Вашиот дом.