Блог

Овој стан од 45 м2 игра суптилно со текстурите за да долови илузија на поголем простор.

Во дневната соба на ѕидовите се поставени плочки со големи димензии со тонови кои малку се разликуваат со што се добива илузија дека просторот е поширок отколку што е. За да има повеќе светлина и простор, поставени се стаклени ѕидови и бели панели.

Beige-tiled-wall-grey-couch-white-ottoman-living-room
Wispy-framed-portraits-light-grey-couches-nineties-living-room
Frosted-glass-and-white-wooden-grating-living-room-nineties-feel
City-planning-artwork-charcoal-duvet-industrial-bedroom

Спалната соба е одвоена од дневната со стаклена партиција. Големиот кревет ја завзема централната позоција во собата и дава впечаток на поголем простор. Искористен е и простор во ѕидот зад креветот за да се вметнат полици. Што се однсува до боите, употребени се темни тонови на јаглен кои внесуваат топлина и смиреност.

Frosted-glass-partition-wall-charcoal-and-white-bedding-bedroom
Black-and-white-Homer-Simpson-print-dining-room

Во трпезаријата и кујната употребена е истата тема – бел простор со интересни и впечатливи детаљи. Трпезаријата е едноставна – има дрвена маса со метални ногарки и црни столчиња, додека монохромните принтови му даваат свежина на просторот. Кујната е минималистичка, а како материјал е употребен бел емајл разбиен на места со отворени полици во јаглени тонови.

All-white-minimalistic-kitchen-black-pop-up-art