Блог

Бањата за многумина е свето место во домот. Таму се случуваат утринските ритуали и е место каде што може да се посветите на себе си. Затоа сите сонуваме да имаме луксузна бања од соништата во која нашиот self-care ритуал ќе биде издигнат на повисоко ниво.
Погледнете ги овие 5 стилски бањи заради кои ќе посакате да реновирате (но, подобро почекајте)

1

Оваа бања е толку смирена и елегантна. Белите плочки кои одат од доле до горе даваат посебен шмек. Златните славини и други детали изгледаат прекрасно во контраст со сините подни плочки со модерен патерн. Кадата е преубава – замислете како би се чувствувале додека лежите во неа под сончевата светлина што доаѓа од сончевиот покрив.

2

Шик бања во која ќе се чувствувате секси додека се релаксирате. Самостоечката када е едноставно воодушевувачка. Комбинацијата на уметничка слика со завесата на прозорецот прават мистериозна палета на бои. Совршено место за релаксирање по долг и напорен ден со чаша вино.

3

Оваа луксузна бања има ситни плочки во нијанси на сино од подот до таванот. Златните и жолтите детали доаѓаат до израз во контраст со сините тонови, а не може а да не го забележиме и шарениот тепих. Соуникатното мермерно лавабо и осветлување, оваа бања е само за храбрите.

4

Ултра – софистицирана и гламурозна бања која ќе Ве импресионира со секој детал. Природната светлина која ја има во изобилство прави оваа бања да изгледа дека сјае. Црно-златната тапета е убав детал кој не преовладува во просторот, но прави убава атмосфера заедно со останатите златни детали.

5

Овде гледаме воодушевувачка монохромна бања во комбинација со топли дрвени тонови. Двете правоаголни огледала одлично се надополнуваат со двете елегантни лавабоа. Текстурата додава длабочина и го разбива монохромниот дизајн.