Блог

#седисидома и гледај филмови. Доколку сте љубители на внатрешниот ентериер, тогаш овие филмови мора да се најдат на вашата листа. Во нив ќе најдете инспирација за декорација на Вашиот дом, но и навистина ќе се забавувате. Земете пуканки и подгответе се. 🍿

Marie Antoinette (2006) – овој филм е совршен за оние кои сакаат богат и раскошен декор. Софија Копола ја раскажува приказната за декадентната Француска кралица преку преубави декорирани тапети и најубавиот историски француски мебел. Декор по кој ќе ја ,,загубите главата’’.

mcdmaan-ec086-sony-pictures-1520021238

The Graduate (1967) – приказната на филмот брилијатно го пренесува искуството кое што многумина го имаат по завршување на факултет, но и стилскиот декор од 60-те (кој патем е повторно во тренд) е исто воодушевувачки. Куќата на култната г-ѓа Робинсон е олицетворение на декадентниот модерен стил од тоа време со раскошни лампи, декоративни шишиња за алкохол и огромни тропски растенија. 

The-Graduate-bar
the-graduate-copy1

The Great Gatsby (2013) – за малку гламур погледнете го овој легенадарен филм на Баз Лурман со Леонардо Ди Каприо. Секоја од собите има посебен шмек, а ентериерите се навистина грандиозни. Тие вистински го отсликуваат Арт Деко стилот од 20-тите години на минатиот век. 

the-great-gatsby-image03

A Single Man (2009) – филмот е режиран од модниот дизајнер Том Форд, така да очекувајте навистина стилски декор. Секоја од собите во филмот има патерни, бои и текстури кои оживуваат стилска верзија на декорот од 60-те години.

singleman

The Devil Wear Prada (2006) – доколку сакате да направите галерија на Вашите ѕидови, овој филм ќе Ви биде вистинска инспирација. 

gallery-1435173324-mv5bmjexnja2nju1mv5bml5banbnxkftztcwnjaynzgymw-v1-sx2327-sy1127

Under The Tuscan Sun (2003) – филм идеален за сите фанови на класичните италијански вили. Гледајќи како ја реновираат вилата сигурно ќе добиете идеја и за Вашиот дом. 

bramasole-after-reno-under-tuscan-sun-611x458

The Royal Tenenbaums (2001) – во секој филм на Вес Андерсон декорот игра главна улога и ја одредува атмосферата на дејството. Но, овој негов култен филм е вистинско ремек дело кога станува збор за внатрешен дизајн. Секоја од собите на ова семејство има различна жива боја (кои се карактеристични за Андерсон) и се акцентирани со неочекувани детали (како што се тапетите со зебра). 

sibling-rivalries-royal-tenenbaums

Amelie (2001) – за оние кои се љубители на винтиџ стилот, овој филм изобилува со такви детали. 

amelie-813404915-large

This Is Where I Leave You (2014) – речиси целиот филм се одвива во семејната куќа, па затоа и не изненадува фактот што декорот е навистина убав и стилски. Генијалната употреба на патерни и бои го прават декорот весел и топол.

gallery-1435172468-enter-movie-thisiswhere-fonda-1-mct

Father Of The Bride (1991) – Иако екстериерот е во центарот на вниманието во оваа топла комедија со Стив Мартин, не може, а да не ги споменеме ентериерите кои зрачат со топлина. Декорирани во стилот ,,shabby-chic’’, обрнато е внимание дури и најситните детали.

gallery-1435174813-mv5bmja3mjmyntgzmv5bml5banbnxkftztcwmdqzotaynw-v1-sx2327-sy1127