Шик апартман во неутрални бои
Неутралните бои не мора да бидат здодевни доколку се употребени правилно. Овој стан кој се наоѓа во Лондон и одлично ги комбинира современите со класични елементи мудро искористувајќи ги неутралните тонови. Подгответе се да бидете воодушевени од овој навистина стилски простор.
Прво да ја погледнеме дневната соба. Колор палетата употребена насекаде низ домот е божествена. Комбинацијата на бела, крем, беж, кафена, сива и црна се совршено избалансирани. Архитектонските детали прекрасно се стопуваат со современите парчиња мебел.
На оваа слика може да видиме воодушевувачки камин од црно-бел мермер, прозорци од таван до под и уникатни столици. Волнениот крем тепих е прекрасно врамен од лесниот дрвен под. Растенијата навистина го оживуваат просторот.
Трпезаријата исто така не разочарува. Светло сивите ѕидови со панели се идеална позадина за овие столици и маса во топли тонови. Уникатниот лустер и античката скулптура ја заокружуваат палетата во собата.
Ајде да ја разгледаме и античката скулптура – ова уметничко дело дава убав контраст во целата просторија. Постаментот е вистински интересен и совршено ја дополнува скулптурата.
Да ја видиме и кујната. Подот е навистина интересен, а од кујната може да се види и дневната соба и трпезаријата. Светло бежовите кујнските елементи се вклопуваат идеално со подот и даваат топлина на собата. Мермерните кујнски плотни одговараат на темата на просторот и ја разбиваат монотонијата.
Кујнскиот остров е мермерен од горе до доле. Тоа го прави просторот модерен и елегантен. Уметничката слика и отворените полици му даваат уметничко чувство на просторот и даваат топлина.
Влезот во станот изгледа како уметничка галерија, но сепак се чувствува топлина заради бежовите детали.
Оваа соба е посветена на убавната. Само погледнете ја неверојатно шик масата за шминка. Мермерот во топли тонови се истакнува меѓу останатите неутрални тонови во собата. Топлото чувство го заокружува и столчето.
Првата спална соба е едноставна. Но, тоа не значи дека е здодевна. Сивите тонови се разбиени со маркантни парчиња мебел, уметничка слика и неверојатни прозорци. Сѐ е минимално, но е удобно и се чувствувате како дома.
Втората спална соба има розови и златни детали кои ја прават оваа соба уште поелегантна. Златната висечка ламба и букетот и даваат женска нота на спалната соба. Наслонувачот за креветот е со убава комбинација од крем, златно и бело и одговара со колор палетата на собата.
Третата спална има малку помашки пристап. Иако, колор палетата е потемна, сепак се чувствува свежина во собата. Црниот наслонувач за кревет одговара одлично со сините тонови. Книгите, уметничките парчиња и керамиката додаваат на елегантноста на местото.
Најубавото го оставивме на крај – бањата. Оваа неверојатна бања е со мермер од под до таванот. Деталите во златна, црна и беж боја се неверојатни и и даваат луксузна нота на бањата. Вистинско место за релаксација.