Блог

Знаеме колку е тешко сѐ да се вклопи во мал простор. А, уште поголем предизвик е да ги вклопите сите елементи и тоа да изгледа убаво. Но пак, дизајнирањето мали простори е навистина забавно. Без разлика дали живеете во студио или сакате да уредите мала соба, овие совети од дизајнери ќе Ви помогнат да го уредите Вашиот простор да изгледа пошироко.

1. Малите тркалезни маси не се само за појадок. Со ваква маса ќе заштедите простор и ќе се ослободите од незгодните ќошиња од кои би се удирале.

small-space-design-design-by-brady-tolbert-for-ehd-photographer-by-tessa-neustadt-7-1561391634

2. Кога просторот во спалната Ви е ограничен и не сакате да купувате нови парчиња, искористете дрвено столче како помошна масичка и ставете ѕидни светилки за да заштедите на простор. Исто така, добра идеја е да ја обоите спалната во некоја повесела боја –  просторот ќе изгледа поголем, а и Вие ќе се чувствувате поубаво.

2222

3. Инсталирајте лизгачки врати со стакло во горниот дел. На овој начин ќе дозволите светлина да поминува низ просториите, а лизгачката врата влегува во ѕид и заштедувате уште повеќе простор. 

3333

4. Прикачете го телевизорот на ѕидот. Со тоа ќе го заштедите место на подот, а дневната ќе изгледа поширока.

55555555555555

5. Најдете парчиња мебел кои можат да имаат двојна улога – на пример, најдете маса која може да служи и како биро и како трпезариска маса. Или купете табуретки кои можете да ги искористите и како кафе масички.

666

6. Употребувајте огледала. Секоја просторија изгледа поголема, а може да употребувате конвексни огледала кои додаваат шмек на секој простор.

777

7. Држете се до неутрална колор палета. Тие тонови го ,,лажат’’ окото дека просторот е поширок отколку што е. Но, секогаш додавајте разни текстури за да не изгледа монотоно.

8888

8. Искористете ја секоја можна површина. На пример, доколку има простор под прозорецот, ставете светло или украси и ќе заштедите простор со тоа што нема да Ви треба масичка.

popular-vulcanusgatan-vasastan-stockholm-20kvadrat-window-bedroom-grey-linnen-spring-josefin-ha-a-g-fantastic-frank-1561396993

9. Доколку немате простор за домашна канцеларија, тоа што може да направите е да прикачите една на ѕидот. За екстра простор може над неа да ставите полици.

static1-squarespace-1528304010

10. Лесно е да не обрнете внимание на малечка соба, особено бидејќи нема место за декорирање. Но, и тоа е можно доколку ја употребите Вашата креативност. На пример, оваа соба е розево и декорирана со галерија од еклектични уметнички слики. Мала, но полна со стил просторија.

small-space-design-hbx060118ralph08-1548432873

11. Иако под лавабото речиси секогаш ставаме големи фиокари. Но, зошто не би ,,играле’’ малку поинаку и не инсталирате лавабо со површина каде што можете да ги ставите најпотребните работи, а под него има рачка за дополнителни пешкири.

сссс

12. Поставете стаклен полуѕид. Срушете ѕид, зголемете ги прозорците или заменете ги обичните врати за да го отворите погледот и да го поврзете просторот.

room-divider-ideas-tranebergsva-gen-stockholm-living-room-industry-fantastic-frank-popular-copy-1561401887