Блог

Дали има нешто поубаво од тоа да го пиете утринското кафе на Вашата убавo уредена тераса каде што градската бучава не стигнува до Вас? Кому му потребна куќа со двор кој е тежок за одржување, кога може да имате комфорен стан со убава и удобна тераса. 

Иако често се превидени, терасите можат да бидат креативно и удобно катче кое ќе биде и функционален и естетски додаток на Вашиот простор за живеење. Идеално терасно место би било од 10-15 м2 на што повисок кат – за да можете да уживате во погледот.

1

Замислете… се враќате дома после напорен ден и се упатувате на Вашата тераса на која има удобна софа за да се одморите. Или доколку немате простор за софа, доволно е да имате една или две фотелји со табуретка на која ќе можете да ги одморите нозете. Не ги заборавајте меките перници кои додаваат екстра комфор. Иделно катче за да седнете со шолја чај или кафе додека ја читате омилената книга… или додека скролате на Вашиот мобилен телефон.

processed

Внимателно одбраните додатоци и осветлувањето ќе го дефинираат карактерот на терасата. Кога планирате зелено ќоше, ќе наидете на голем избор на саксии од различен материјал – дрвени, ќерамички, пластични, камени, па дури и од јута. Но, најпопуларни се пластичните саксии кои висат на оградата – не завземаат простор, изгледаат убаво, а ќе имате екстра простор за уште цвеќиња. ЛЕД или соларните лампи придонесуваат кон една убава, мека атмосфера кога ќе зајде сонцето. Доколку се чувствувате романтично, додадете свеќи низ просторот. 

processed1111

Балкон со оваа големина лесно може да го претворите и во мала градина. На оградата од терасата закачете саксии во кои ќе посадите цвеќиња како петунии, сурфинии или гераниум. Не заборавајте редовно да се грижите за нив – да ги наводнувате и да ги ѓубрите – сепак, велат дека работата во градина е како медитација. Доколку сакате да готвите, може на терасата да направите и посебен простор за билки како рузмарин, жалфија, оригано, лаванда. На овие билки им е потребна сончева светлина и наводнување, па нема да Ви одземаат многу време. Исто така, тие ги одбиваат и инсектите, па нема да имате проблем со досадните комарци.

Прекрасен детаљ би бил грмушка од рози во саксија во вид на топка во еден од ќошевите на терасата. Околу голема саксија, наредете неколку помали саксии со цвеќиња како лобелија, фуксија и вербена. Не само што Вашата тераса ќе изгледа на мала градина, цвеќињата ќе го исполнат воздухот со слатки ароматични мириси.
Ако Вашата тераса е со сенка, можете да посадите цвеќиња на кои не им треба многу сонце, како бегонии, фуксии и лобелија. За оние со активен начин на живот – одберете цвеќиња на кои не им треба многу внимание – како што се далиите.

91-1

За да ја одвоите терасата од просторот за живеење, добра идеја се лианите, кои ќе создадат убава атмосфера. Билки кои можат да преживеат во саксии се зелен бршлен, диво грозје и клематис.

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

processed3333

Каков мебел да изберете

Доколку се решите да ставите мебел на терасата – одберете од лесна платика – пропилен, затоа што е отпорна на временските услови и ултра виолетовите зраци. Во зима, нема да мора да барате место каде да го складирате мебелот, а ќе може да стои на Вашата тераса преку цела година без да изгуби боја и структура. Додадете меки перници за екстра комфор. 

processed1212121

Кујна и трпезарија на тераса

Одличен почеток на еден летен ден би бил појадок со кафе, кроасан и џем на удобно уредена тераса. Доколку сте љубители на скара, не мора да имате двор. Може да инсталирате на Вашата тераса и да ги соберете Вашите роднини или пријатели на скара – забава во Вашиот стан.

80-1

Паметно складирање на опремена тераса

Доколку имате сончев балкон, не се откажувајте од големите чадори.  Бирајте додатоци кои не заземаат многу простор. Но, паметно е да изберете мултифункционален мебел. Често клупите имаат простор за складирање на градинарски ракавици и алати за нега на цвеќиња. Исто така, може да најдете табуретки на кои горниот дел им се отвара, а таму може да ставите крпи и друг прибор од масата. Дрвена или метална сталажа може да послужи како домашен магацин. А, често може да најдете и убави кутии кои ќе изгледаат декоративно на балконот, а во нив ќе може да складирате разни работи.

90-1 (1)

Големата тераса нуди многу предности за љубителите на зеленило и надворешен простор, но кои водат активен живот и едноставно немаат време да се грижат за голем двор.

Во објектот Connect 5 на Elena Luka Home може да го замислите Вашиот живот во центарот на градот, а сепак одалечени од бучавата. Идеален простор за Вас и Вашето семејство, кој има организиран живот во непрекинат циклус со природата. А, како поинаку освен со убаво уреден стан со богата тераса. За Вас е идеален станот Harmony кој се наоѓа на поткровје и има две тераси – 11,76 м2 и 3,22 м2. Повеќе детали за овој уникатен стан може да видите овде.
Закажете онлајн консултација на 072/216-099.

03-harmony-vlez-2-potkrovje-vertikala-3
harmony2 changed