Блог

Сè повеќе станови имаат отворен план каде што дневната соба и трпезаријата се во една просторија. Доколку и Вашиот дом е вака решен, сигурно сте во дилема како да го уредите и да создадете подвоеност меѓу нив без да го нарушите отворениот план. Еве неколку примери кои би Ви олесниле во уредувањето.

Во оваа комбинација на дневна соба и трпезарија, одвојувањето не е создадено преку ѕидови, туку преку тоа што го „привлекува окото“ во полицата за книги која е од под до таван, а се протега по целата должина на дневната соба. Паметно искористување на просторот, а додава и место за складирање.

11111

Во овој современ бело-сив простор, осветлувањето има и функционална и сепарирачка улога. Во кујнскиот простор има шина со рефлектори кои се насочени кон кујнските елементи, кои се акцентирани со осветлување под нив. Над трпезариската маса е поставен модерен висечки ЛЕД лустер. Висечките лустери се одличен начин да се одбележи трпезаријата во компактен и отворен простор.

22222

Во мала дневна соба и трпезарија многу е важно паметно да го искористите просторот. Во овој пример, трпезариската маса е всушност шанк маса позиционирана зад софата. Трпезаријата повторно е акцентирана со висечки лустер.

333333

Оваа комбинација на дневна соба и трпезарија користи високи палми и декоративни кугли за да го привлече окото нагоре, со што креира илузија на повеќе простор. Камените плочки на подот и ѕидот даваат модерен шмек.

4444444

Иако поголемиот дел од становите со отворен план користат иста боја на ѕидови, овој пример покажува дека акцентираните ѕидови содаваат одвојување. Светло синиот ѕид совршено одговара на кафе-масичките и фотелјите во просторот.

bfbvgsfdvgbdsfrbvgdfvbfsdbfdbvdsbvsd

Овој стан, уреден во скандинавски стил, е релаксирачки и изгледа како СПА со употребата на нежно осветлување, природни ткаенини и природно светло дрво.

scandinavian-apartment-inspiration

Во минималистичкиот дизајн на овој стан, комодата со ламби со зајаци создава одвоеност меѓу овие две простории. На големиот екран ќе може да гледате од било која точка.

777777

Седечките позиции, исто така, може да послужат да се дефинира отворениот простор. Светло сивата модуларна софа го привлекува погледот кон дневната соба и големиот прозорец, додека висечките кугли прават трпезаријата да биде поочигледна.

888888888888

Доколку Вашиот простор е тесен, тогаш одлучете се за високи кујнски елементи кои ќе бидат акцент на просторот, а и ќе Ви заштедат простор. Во овој случај драперијата на прозорецот служи како елемент кој визуелни ги двои трпезаријата и дневната соба.

9999999

Килимите се уште еден добар начин да го одвоите просторот. Тука гледаме темно сива колор палета разбиена со топлите дрвени елементи, белата боја и деталите во темно сина боја која може да се види и на килимот во дневната соба. 

101010100101010

Во овој креативен дизајн на дневна соба и трпезарија гледаме добро координирана палета на зелена, жолта и сива која ги врзува двете соби. За да се создаде чувство на поделеност, дрвените акценти на ѕидот кај трпезаријата кои продолжуваат на таванот не го одземаат вниманието од силната илустрација на ѕидот во дневната соба.

creative-living-and-dining-room-with-drawing-accent-wall

Становите во новиот објект Connect 5 имаат отворен план кој Ви дозволува поголема слобода при уредувањето на Вашиот совршен дом. За да ги видите слободните квадратури закажете онлајн презентација на 072/216-099.

Доколку Ви треба професионална помош при реновирање или дизајнирање на Вашиот животен простор, Elena Luka Home Ви ги нуди и тие услуги. Нив може да ги погледнете ТУКА.