Прозорците – еден од клучните елементи за добра топлинска и звучна изолација
Добрата изолација значи заштеда на електрична енергија. Прозорците се еден од најзначајните елементи кога се работи за добра топлинска, но и звучна изолација. Во објектите на Elena Luka Home се користат квалитетни 7 коморни прозорци од реномираниот германски производител Trocal со високоенергетско 4 сезонско флот стакло кое во лето ги одбива, а во зима ги впива сончевите зраци, исполнето со аргон.
Аргонот е подобар изолатор од воздухот затоа што воздухот содржи влага која може да кондензира внатре меѓу стаклата и да го замагли прозорецот. Овој гас не ја загадува околониата и нема да го оксидира профилот околу него.
Воздушните комори се клучен фактор во пресметката на изолацијата и го одредуваат коефициентот на термичката трансмисија. На пример: за 4 комори Uw коефициентот може да биде 1,8-2,0 W/m2K, а за 7 комори околу 0,8-0,9 W/m2K. Ова значи дека колку повеќе комори, толку е подобра термичката изолација. А тоа Ви овозможува помала сметка за електрична енергија.
Во нашиот најнов објек Connect 5 останати се уште неколку слободни квадратури. Побрзајте и закажете онлајн презентација на 072/216-099.