Блог

Овој преубав стан од 81м2 во Бруклин е исполнет со тонови на природно дрво и јута кои даваат топлина и смирени вибрации. Малите црни акценти, како што се ногарките од шанк столиците и црната кафе масичка му даваат шмек на целиот простор.

blog-2

Кактусите се поставени низ собата со отворен план, распрскуваат зеленило во регуларни интервали меѓу светлиот смирувачки декор.

blog-3

Ботаничко декорираната фотелја додава уште природа и зеленило во миксот.

blog-4

Црните ламби над трпезариската маса ја акцентираат просторијата. Овалната трпезариска маса одлично одговара со линиите на столовите.

blog-5
blog-6

Двете шанк столици даваат опуштена атмосфера на кујната. Црната чешма се врзува со црните ламба над барот. 

blog-7

Црните ногарки стојат високо над комодата кај влезот, кои се врзуваат со ормарите со црна рамка.

blog-8

Во кујната има мала работна површина, но со дадавње на островот таа се зголемува.

blog-9
blo11

Бирото крај прозорот во домашната канцеларија е придружено со модерна софа и странична масичка.

blog-12

Минималистичката домашна канцеларија е комплетирана со скалеста мала библиотека. Линаерните ламби изгледаат како црни линии наредени низ таванот.

blog13
blog14

Малата сиво-бело бања има вградени елегантни елементи кои даваат чувство на поголем простор. 

blog-15

Линеарниот лустер совршено го дополнува релаксирачкиот дизајн на спалната соба. Кон тоа значително допринесува маслинесто зелената боја на наслонувачот од креветот.

blog-16

Бледо сивите акценти градат мек слоевит изглед.

blog-17

Во објектот Connect 5 останати се уште неколку слободни квадратури од двособни станови. Закажете он лајн презентација на 072/216 – 099.
Погледнете го објектот ТУКА.

Author: maja.novakoska