04
May

Топ 10 трендови за внатрешен дизајн за 2020 година

[stm_post_info]

Убавината на внатрешниот дизајн е тоа што може да се менува, адаптира и да инкорпорира влијанија кои го зголемуваат стилот и функцијата. А трендовите кои владеат во 2020 го прават тоа на начин кој раскажува прикаска. Интересно е тоа што гледаме патерни кои ги отсликуваат нашите потреби како општество и околината. Имајќи го тоа на ум, ова се трендовите за внатрешно уредување за 2020 г. кои може да ги инкорпорирате во Вашиот нов стан.

Земјени тонови

Да поченеме со бојата. Иако Пантон бојата на годината е Класична Сина, полека се појавува и друг патерн. Внатрешните дизајнери ги прифаќаат земјените тонови и ги прогласија за еден од главните трендови за внатрешно уредување за 2020. Маслинесто зелена, жолта окер и темно портокалова боја се тонови кои не само што внесуваат топлина туку и го поврзуваат просторот со природата.
Мебелот и додатоците кои имитираат природните елементи како дрво, растенија и метал создаваат смирувачка атмосфера исто како да сте надвор. Сегашната ситуација не обврзува да го поминуваме поголемиот дел од времето во нашите домови, па ова чувство е добредојдено. Но, тоа не значи дека треба да играте на сигурно. Бидете храбри и  ставете црна врата или чоколадно кафена кадифена софа. Инкорпорирање на овие тонови може да биде многу креативно и да се постигне уникатен земјен изглед.
Нашиот најнов објект Connect 5 претставува совршена рамнота меѓу современото живеење и природата, а употребата на земјени тонови совршено ќе ја долови атмосферата.. Погледнете ја зградата ТУКА.

Заоблени форми

Заоблените форми кои биле тренд во 60-те и 70-те повторно се враќаат, овој пат во модерно издание. Линиите и заоблените форми се мешаат за да ја истакнат убавината на формата. Во мебелот, гледаме тапацирани софи и клупи дизајнирани со асиметрија и брановидни форми на ум. Овие слободни органски форми ќе го достигнат својот врв оваа година. Сега повеќе од секогаш имаме потреба да внесеме смирувачка енергија во домот, па затоа овие форми и имаат смисла. Дизајните кои имитираат бранови, кругови и кривини ја нудат мекоста која толку ни е потребна. 

Мултифункционален простор

Во моментов многу домаќинства се соочуваат со работа и учење од дома, па мултифункционалните простори дстануваат еден од најзначајните трендови во внатрешното уредување во 2020 година. Веќе подолго време домовите се дизајнираат со отворен план со што и се овозможува постоењето на мултифункционалниот простор. Удвојувањето на просторот и функционалноста најчесто се гледа во кујната и трпезаријата. Кујните со острови можат лесно да станат трпезарија, но и домашна мини канцеларија. На овој начин може да готвите, јадете, работите и да се дружите во ист простор. Вградените маси и кујнските плотни се идеални за мали простори. 

Флорални тапети

Флоралните тапети се еден од оние трендови кои го поминуваат тестот на времето. Не збориме за оние ,,старински’’ или хипи патерни, туку за дизајни кои влечат од современиот стил даваат WOW фактор на било кој ѕид. Во живи и контрасни бои, моментално трендовските патерни можат да се најдат во било која големина и во различни дизајни кои ќе го задоволат сечиј вкус. Направете ја Вашата модерна трпезарија уникатна со меланхолични божури на темна позадина. Расветлете ја Вашата бохо спална соба со градина од диви цветови како акцент.
Флоралните тапети се омилен избор за бањите и влезовите. Тие ги прават овие мали простории поинтересни и со карактер. 

Биофилен дизајн

Биофилниот дизајн е тренд кој инкорпорира прородни елементи (материјали, светло, вегетација) во модерно изградена околина која директно влијае врз здравјето на луѓето. Истражувањата покажале дека инкорпорирањето директно или индиректно елементи од природата има големо влијание врз намалување на стресот и балансирање на крвниот притисок и срцевата работа. Доколку се уште не Ве убедивме дека овој тренд е за Вас, тогаш да додадеме и дека ја зголемуваат продуктивноста и креативноста. Како да го искористиме ова?
ДИРЕКТНО ПРИРОДНО ИСКУСТВО
– употреба на природно светло
– Поставување на вода преку фонтани
– вклучете што е можно повеќе цвеќиња и внатрешнио градини

ИНДИРЕКТНО ПРИСУСТВО НА ПРИРОДАТА
– употреба на природни материјали (по можност рециклирани) како камен, дрво, метал
– избор на бои кои се присутрни во природата
– ставете слики и фотографии од природа.

Слоевит контрастен декор

Внатрешниот дизајн полека се одвојува од елементи кои одговараат и со кои се добива суптилен и неутрален изглед. Наместо тоа, во овој момент доминираат дизајни со висок контраст во форма на бои, материјали и стилови. Тоа значи дека доколку сакате да ги обоите Вашите кујнски елементи во интензивна сина боја (здраво, Пантон Класично сина – боја на годината) или да ставите гласни шарени плочки – сега е шансата. Трикот тука е да научите тоа да го правите со мерка – да направите контраст со класични безвременски елементи за контраст.

Еклектичниот дизајн е создаден за спојување на стар и нов мебел. Најдобрата варијанта е да одите со современ дизајн и да додадете неколку антички аксесоари. Тоа ќе му даде фасцинантен и уникатен изглед на просторот. 

Домашна канцеларија

Овој тренд е еден од најрелевантните за 2020 година со оглед на моменталната ситуација. Со зголемување на работата од дома, се јавува потреба да се содзаде и место за работа кое е продуктивно и функционално. Доколку тоа Ви изгледа како непотребен луксуз, сепак постојат креативни начини да се организирате и било кој простор да го претворите во Ваша канцеларија. Овој тренд всушност се поврзува со трендот за мултифункционалност. Гостинската или спалната соба можат да ја играат двојната улога на соба за одмор и канцеларија по потреба. 

Мешање на метали

Оваа година ја одбележува опсесијата со метали. Мебелот и завршните работи со златни и сребрени тонови, лим и бакар се насекаде, па нивното мешање го носи трендот еден чекор понатаму. Но, има неколку правила кои не дозволуваат металот да стане предоминантен во собата. На пример: кога мешате топло (месинг, злато, бакар) и ладно обоени (алуминиум, сребро, не’рѓосувачки челик) метали, изберете една доминантна боја и една како акцент. Неутралните метали како леано железо и други црни материјали може лесно да се искомбинираат со нив.
Уште еден совет: одбегнете да мешате на повеќе од 3 метали. Исто така не натрупувајте различни метали во еден дел од собата. Распрснете ги на разни хоризонтални и вертикални делови. На пример, ако имате бакарна кафе масичка може да додадете и лустер со истиот метал.

Ратан + плетен мебел

Иако се сметаат за надворешни материјали, ратан и плетениот мебел полека влегува и внатре во домот. Овие парчиња нудат топлина и шарм кој може да биде употребен во модерниот стил, бохо стилот, но и многу други стилови. Современо декорираната соба може да ја разбиете со плетени отомани, ратан клупа или фотелја – лулашка. Во секој случај, овој тренд внесува нота на опуштеност и удобност во секој простор.

Кревети со завеси

Уште еден тренд кој се враќа од минатото. Спалната соба е оаза на комфорот, а завесите додаваат нота на смиреност, па дури и луксуз. Но, мора да внимавате на големината и стилот на рамките околу креветот во однос на големинјата на собата. Доколку имате мала соба, тенки, акрилни рамки се идеалниот избор за Вас бидејќи не ја оптоваруваат собата.  Материјалот за завеси треба да биде лесен и да Ви дозволи да дишете. Оваков материјал ќе Ви го претвори креветот во  ултимативно искуство во спиењето. 

Доколку се уште не сте сигурни дека ќе го постигнете тоа што го сакате, Elena Luka Home нуди услуги и за внатрешен дизајн. Услугите може да ги погледнете ТУКА.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]