Како да направите мебел од палети
Трендот за upcycling и реупотреба на секојдневни предмети е во полн ек и навлегува во нашите домови. Сигурно ги имате видено преубавите фотки од мебел направен од палети на стилски уредена тераса… и секој од Вас посакал да го направи за себе, но можеби не сте знаеле како или Ви изгледало комплицирано. Верувајте, не е воопшто тешко.
Освен што заштедувате, ќе добиете и уникатно парче мебел со кое ќе може да се гордеете.
Нема крај на идеите за тоа што може да направите со палети. Еве неколку идеи кои се лесни и не бараат премногу умешност во правењето.
Вертикална садница
Исправете една палета и прикачете неколу даски во вид на саксии. Освен што изгледа шармантно, ќе заштедите и простор.
Бар масичка
Доколку сакате и често Ви доаѓа друштво, тогаш оваа бар масичка е идеална за Вас. Потребни Ви се само 5 палети и малку боја доколку сакате дополнително да ја украсите и да ја направите уникатна.
Фотелја од палети
Содадете основа за седење со една или две палети во зависност од тоа колку сакате да биде висока фотелјата. Потоа зацврстете уште една палета за наслонот. Додадете перници и подлога за седење – и имате удобна и стилска фотелја.
Софа од палети
Спојте две фотелји и добивате софа на која ќе може да седат до 4 Ваши пријатели.
Аголна софа од палети
Ако сакате да создадете интимен агол каде што ќе може да се релаксирате и дружите, групирајте 3 фотелји под агол. Ќе треба да додете уште една палета за да го пополните просторот кај аголот.
Заштитете го мебелот
Најдобар начин да го заштитите мебелот од надворешни влијание е да го офарбате. И тоа не само деловите кои се гледаат, туку и таму каде што не се гледа.
Објектот Connect 5, спој на природата со модерното живеење, има уште неколку слободни станови. Проверете кои се останати ТУКА!