Блог

Веруваме дека често сте го слушале поимот минимализам во декорирањето. Но, тоа не е само декоративен правец, нејасен збир на елементи или немање идеи. Тоа е и начин на живеење и размислување кој ни помага да се фокусираме на неопходните работи. 

Во една реченица, минимализмот е – алатка со која се ослободуваме од вишокот за да се фокусираме на тоа што е важно за да најдеме среќа, исполнување и слобода.

Минимализмот и архитектурата

Што се однесува до архитектурата, минимализмот значи дека употреба на елементи без декорација и орнаменти. Следбениците на минимализмот веруваат дека соголувањето на формата и содржината на дизајнот до неговата основа го открива вистинската суштина на архитектурата. Клучот е едноставност во дизајнот и уникатност во изведбата. Иако едноставноста е ,,клучен’’ збор кога се работи за минимализмот, тоа не значи дека треба да биде здодевно. Тука светлината, формата и убавите материјали се зачинот кои ја даваат онаа топлина која на секој дом му е потребен. 

processed

Што значи минимализмот во внатрешниот дизајн?

За внатрешниот дизајн тоа би значело – функцијата пред се. Секој простор во домот ни служи за нешто и доколку го натрупаме со разни предмети лесно можеме да се изгубиме и да не ја препознаеме неговата основна функција. Минималистичкиот декор ни помага да ја потенцираме функцијата на секоја соба – за јадење, релаксирање, работење и да го задржите она што е основно за таа функција. Тоа помага да се концентрирате на тоа што го правите во моментот и максимално да се посветите – со што и повеќе уживате во активноста. А среќата е уживање во едноставни нешта!

Освен функцијата, фокусот во собата треба да биде на нешто друго, а не на просторот. На пример на луѓето или на погледот. Колку пати сте виделе фотографија на минималистички дом со поглед кој доминира и од кој Ви застанува здивот? Тоа не е случајно – впрочен ништо во овој правец не е случајност. Секој елемент во просторот има своја функција и е избалансиран во однос со другите елементи.
Се во собата треба да има функција и да додава вредност на просторот. Во минималистичкиот декор формата игра многу важна улога. На пример, во трпезаријата Ви се нужни маса и столици, но мора да внимавате на нивната форма и да одговараат со нивната боја и останатите елементи.

ezgif-3-348cb3a4080a

Зошто многумина бегаат од минимализмот?

Најголем предизвик во минималистичкото уредување е просторот да изгледа топол и да се чувствува како вистински дом. Не треба да биде музеј на експонати и да изгледа како никој да не живее таму. Затоа и овој правец е еден од најтешките – сепак да се постигне едноставноста е ултимативна софистицираност.

Зошто да одберете минималистичко декорирање на Вашиот дом?

Во денешно време сечиј живот е преполн со динамика, бучава и често пати нервоза. Минималистичко уредениот дом Ви дава оддишка од надворешниот свет со неговата смиреноста и едноставност.
Сепак таа едноставност и смиреност не е толку лесно да се постигне – минимализмот не значи дека треба само да се одберете мебел на бела позадина бидејќи тоа би го направило просторот ладен, недовршен и како никој да не живее таму. Домот уреден во минималистички манир е сепак ДОМ, и кога ќе влезете во него треба да ја почувствувате таа топлина која ја очекувате. Подолу ќе прочитате и неколку совети за како да го постигнете тоа.

Иако звучи комплицирано, сепак не е толку страшно. Ако сте почетници треба да имате неколку работи на ум. 

Stue_Kredit_-Oslo-Design-Fair-Styling-Kirsten-Visdal-Foto-Margaret-De-Lange

Како да го направите топол и динамичен Вашиот минималистики дом?

Денес речиси сите нови домови се прават во овој правец – имаат отворен план и многу светлина. Овие особини на просторот многу помагаагт за да го постигнете тоа што го сакате.

За да не се чувствувате како да живеете во изложбен салон, постигне топлина во Вашиот минималистички уреден дом со мешање на материјалите.

Ладни материјали

  • Мермер, стакло, метал керамика, бетон

Топли материјали

  • Волна, кожа, ткаенина, дрво, хартија

Изберете неутрална палета – премногу бои ќе направат Вашиот простор да изгледа неуредно. Тоа не значи дека треба да се држите само до бело и беж. Имате многу опции како што се пригасено сиво и софа во светла капучино боја.

Изберете безвременски парчиња – Квалитет пред кванититет. Удобна фотелја од кафеава кожа или vintage кафе масичка се одлични париња со кои ќе им дадете карактер на Вашиот простор.

Оставете поголем простор меѓу парчињата мебел – така и просторот ќе изгледа поголем.

Помислете на текстури – кристален лустер или прекрасно издлабен наслонувач ќе додадат топлина и длабочина на просторот. 

Чисти линии – чистите линии се олицетворение на минимализмот, па затоа најдете парчиња со класични рабови.

Светлината е клуч – Осветлете ја собата со свеќи и многу тенки ленени завеси. Колку повеќе светлина, толку подобро. Инвестирајте во убав, маркантен лустер кој ќе ја трансформира Вашата соба. Прочитајте повеќе за осветлувањето ТУКА.

Стоплете го просторот со мек текстил – топло меко ќебе или килим од вештачка овча кожа ќе додаде уште еден слој на голата соба. 

Дрвени панели – уште еден начин да додаете текстура е со дрвени панели на ѕидовите. Ова е карактеристично за Скандинавската архитектура, изгледаат елегантно и даваат рустична нота. 

Монохромни уметнички дела – доколку не сте познавачи на уметноста, може да почнете со едноставни врамени црно-бели фотографии на ѕидовите и статуетки од темен метал. Не обрнувајте внимание на традиционалните правила за прикажување на уметност. 

Оживејте ја собата со кактус или некое зелено растение – што и да изберете нема да погрешите со едно убаво зелено цвеќе. 

Иако минимализмот се поврзува со модерниот и современ изглед, сепак не значи дека не може да се вклучи и во потрадиционалните декоративни движења. Клучот е просторот да изгледа чисто, подредено и да нема премногу мебел, додатоци и бои кои не одговараат.

Author: maja.novakoska