12
May
Краток водич за тоа како да го изберете идеалниот стан
[stm_post_info]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
Нов дом, нова приказна. Незаменливо е чувството кога ќе влезете во Вашиот нов стан, ќе го почувствувате мирисот на ново и ќе помислите – ова е мојот дом!
Но, никој не го прикажува процесот кој доаѓа пред оваа идилична глетка – барањето на стан, кое може да биде и мачно и сепак на крај да го нема резултатот кој го посакувате. Но, само доколку не знаете како да побарате. Еве неколку совети на што треба да обрнете внимание при Вашата потрага по стан за да ги елиминирате непријатните ситуации.
- Одлучете во која населба и во какво место сакате да живеете – тоа зависи од Вашиот животен стил. Доколку сакате подинамичен живот, тогаш Вашиот идеален стан е блиску до центарот на градот, каде што има изобилство на кафулиња и продавници. Но, доколку имате мали деца или постари членови на семејството, изберете потивка локација, блиску до училишта и каде што има многу паркови.
- Колкав стан сакате? – квадратурата на Вашиот стан зависи од повеќе фактори – колку соби Ви се потребни, за какви активности и секако – колку може да си дозволите. Размислете дали сакате соба за секое дете, или колку голема сакате да биде Вашата домашна канцеларија. Дали сакате поголема тераса и дали Ви треба остава? Дали сте друштвени и сакате поголема дневна соба или сте повеќе интроверт на кој му треба простор и светлина за читање?
- Важна е и ориентацијата на станот – доколку станот е на југ, секогаш ќе биде потопло. Тоа во лето знае да биде неподносливо, но затоа во зима речиси секогаш ќе имате светлина и ќе биде потопло. Доколку уживате во изгрејсонцето, изберете стан во кој спалната соба е на источна страна.
- Паркинг – честопати зградите имаат свој паркинг и тоа е идеална опција за сите. Но, паркингот во зградите се продава дополнително. Доколку не сакате да се изложите на дополнителен трошок или имате повеќе автомобили, проверете каде е најблискиот бесплатен паркинг и дали може да се купи годишна паркинг карта доколку се плаќа.
- Важно е второ мислење – иако мислите дека сте се заљубиле и дека тој стан е тоа што сте го барале, секогаш е убаво да слушнете второ мислење – од некој со ладна глава. Тоа може да биде некој поискусен од Вас или некој што веќе поминал низ процесот на купување на стан. Не е лошо, доколку можете, да чуете мислење и од архитект или инженер.
Нашите агенти со задоволство ќе Ви помогнат во потрагата по идеален дом во еден од нашите објекти. Закажете презентација на 071/415-094 и 08/310-3816.
[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]