Блог

Без разлика дали сакате комплетно да го реновирате Вашиот стан или само да го декорирате, а притоа не сакате да вклучувате професионалци – тогаш обидете се со мобилни апликации. За да не се изгубите во морето апликации, ние ги избравме најдобрите апликации – кои, патем, се бесплатни.

Погледнете кои се и веднаш почнете со уредување!

Havenly – Најдобра за да добиете професионални совети
Достапна само за iOS

Доколку немате искуство со внатрешно уредување, тоа може да стане прилично збунувачко и напорно. Тука настапува оваа апликација. Овде може да добиете професионална помош – целосно бесплатно!
Прикачете фотографија од собата која сакате да ја преуредите, најдете дизајнер и почнете разговор со него. Секако, доколку сакате да Ви ја заврши целата соба, ќе треба да доплатите. 

Decorator
Најдобра за виртуелно редизајнирање
Достапна само за iOS

Доколку некогаш сте се запрашале како Вашата дневна соба би изгледала со розева софа, оваа апликација ќе Ви одговори на тоа прашање. Апликацијата Ви дозволува да ставите фотографија од Вашата соба и виртуелно да разместувате елементи низ неа. Тие можат да се купат, а доколку имате некакво прашање може да побарате мислење од другите корисници. 

Palette Cam
Најдобра за планирање на колор палетата
Достапна само за iOS

Честопати кога сакаме да уредиме дома се среќаваме со дилема дали боите кои ги сакаме одговараат едни со други. Оваа апликација ќе Ви помогне во тоа на мошне едноставен начин.

Artfully Walls Try on Walls
Најдобра за планирање на галерија на Вашиот ѕид
Достапна за iOS и Android

Иако изгледа лесно, планирањето на галеријата на Вашиот ѕид и не баш толку едноставно. Апликацијата користи AR технологија за да Ви помогне да одлучите како ќе ги закачите сликите на ѕидот.

Room Planner by IKEA
Најдобра за оние кои сакаат мебел од IKEA
Достапна за iOS и Android

Доколку сте љубители на шведскиот бренд IKEA, оваа апликација е must-have. Таа Ви овозможува да видите како ќе изгледа Вашето омилено парче мебел во просторот.

Бонус:
Easy Measure
 Најдобар дигитален алат

За секој пат да не го барате каде сте го оставиле метрото, оваа апликација ќе Ви помогне да си го олесните секојдневието – барем додека уредувате. Користи AR технологија за да го измери парчето мебел, а многумина се пријатно изненандени од тоа колку е прецизна оваа апликација.

Author: maja.novakoska