Блог

Зеленило, почист и поубав воздух – овие работи им недостасуваат на станарите, а растенијата се тука да им помогнат. И уште една позитивна работа е тоа што не им треба многу простор, па практични се и за помали станови. 

Со зеленилото ќе добиете една нова димензија во Вашиот животен простор, ќе ја доведете природата поблиску до себе. И нема ништо поубаво од тоа да бидете горд родител на успешно пораснато растение. А, и фотките за Инстаграм ќе станат поинтересни.

 

Затоа разгледајте ги овие зелени растенија кои ќе го разубават Вашиот дом и упатете се до најблиската цвеќарница.

Кактус

Необични и интересни, а бараат многу малку внимание –  кактусот е едно од оние растенија кои мора да ги имате во Вашиот дом. За нив е доволно да ги наводнувате еднаш во неделата додека растат (иако нема да се исушат и ако ги подзаборавите малку, особено во зима). Треба да е чуваат во просторија со светлина, но да не бидат изложени на директна светлина. 

Но, тоа што го одвојува кактусот од другите е тоа што е полн со позитивна енергија и ја смируваат вознемиреноста. Тој ја впива и електромагнетната енергија од уредите кои ги имаме во нашиот дом. Изберете го вистинскиот за Вас.

кактус
kaktus 2

Фикус Бонсаи Ginseng

Со необичен изглед, овој фикус е навистина интересен со својот крупен корен кој изгледа како да сака да избега. Треба да се наводенува секој пат кога ќе се исуши земјата.
Коренот и стеблото со убавите ливчиња ја претставуваат хармонијата на природата, а доколку го подарите тоа би значело дека му посакувате на примателот долг живот.

fikus

Замија

Ова растение треба да се наводенува 3 пати месечно – идеално за оние со активен животен стил кои често се слулува да ги заборават растенијата. Не бараат многу светлина и не привлекуваат бубачки. Зелено, убаво и речиси неуништливо.

zamij

Воздушно растение

Едно од најинтересните растенија – затоа што не му треба почва за да расте. Се прехранува со влажноста од воздухот,  а доколку е воздухот сув потопето го во вода 2-3 часа на секои 2 недели. 

vozd

Сансеверија

Овој сукулент е неверојатно издржлив и може да преживее во речиси секаква околина. Расте и со мала светлина, но најубаво е да го чувате на средна или поголема светлина. Не треба често да го наводенувате – дозволете почвата да се исуши помеу две ставања вода. 

Овие растенија се популарни и затоа што ги апсорбира штетните гасови во затворен простор и привлекува позитивна енергија со своите убави шарени листови. 

best-apartment-plants-snake-plant

Филaдендрон

Филадендронот е растение кое си кажува што му недостасува. Ако станува жолт, тогаш значи дека е изложен на премногу светлина и дека треба да го сместите на индиректна светлина. Доколку ливчињата се мали, ставете повеќе ѓубриво. 

Филадендронот значи здравје и изобилство, а Пабло Пикасо го насликал во својата позната слика ,,Жена во градината’’ заедно со нимфата Дафне. 

best-apartment-plants-philodendron

Монстера

Ова е едно од најпопуларните растенија затоа што даваат тропска нота на секој дом. Со своите дебели листови како ,,швајцарско сирење’’, ова растение опстојува на секаква светлина, па дури и под флуоресцентна светлина. Бара редовно полевање, но и да скокнете некој ,,оброк’’ нема да забележи. 

monstera-deliciosa-1560888659

Лаванда

Ако сте љубител на зелени растенија, лавандата ќе Ви го разигра просторот со својата убава боја. Живнува на светлина, па ставете ја на прозорец кој се наоѓа на јужна страна. Лавандата испушта преубав мирис, а се вели дека носи среќа и релаксација.

best-apartment-plants-lavender

Пајак растение

Уште едно растение за оние со динамичен живот – бара наводнување на секои 2 недели. Го прочистува воздухот, а изгледа преубаво. Нема да згрешите со ова растение.

spider-plant-1560888836
Author: maja.novakoska