19
May

6 нови идеи како да ја средите Вашата домашна библиотека

[stm_post_info]

Без разлика дали сте посветени „читачи“ или не, домашната библиотека му дава посебен шмек и топлина на Вашиот дом. Но, не мора да го следиот строгиот, „традиционален“ начин на редење на овие мали богатства, особено денес кога имате толку многу опции.

Погледнете неколку идеи кои ќе Ве инспирираат да создадете Ваша мала библиотека која ќе му даде карактер на Вашиот простор.

Инспирирајте се од индустрискиот стил

Полиците направени од индустриски цевки се особено практични ако имате малку книги. Не треба да се грижите дали ќе ги подредите книгите по боја и големина, ќе изгледаат поинтересно, а сепак ќе бидат прегледни.

Измешајте книги со декоративни елементи

Земете пример од популарните полици на IKEA. Полиците заземаат голем дел од ѕидот и имаат многу простор, со што можете да „играте“ со разни елементи. Употребете разни вазни, украси од Вашите патувања, разни предмети кои изнудуваат сеќавања – и Вашиот простор веднаш ќе потсетува на Вас. Употребете ја интуицијата, таа никогаш не греши.

Направете библиотека во вистинската смисла на зборот

Доловете го топлото чувство од книжарите или библиотеките со тоа што ќе создадете ѕид од книги. Пополнете ја секоја полица со книги без да внимавате на редот, и оставете мал простор за некое зелено растение кое ќе емитува позитивна енергија

Одете вертикално

Сменете го начинот на редење на книгите и ќе добиете сосема ново и разиграно чувство. На фотографијата може да видите два реда на книги, но не се легнати на под туку се наредени на полици. Едноставно и шик решение за Вашите книги.

Џунгла од книги

Растенијата внесуваат живост во секој простор, па затоа не двоумете се да ставите неколку зелени „миленичиња“ во Вашата библиотека. Со нив, од обична полица за книги може да добиете вистински дизајнерски елемент, без да се грижите за колор палетата. Прочитајте ТУКА за тоа кои растенија би биле идеални во Вашиот дом.

Не следете правила

Ова го споменуваме во сите точки, но на сликава ова „правило“ е во полна сила. Играјте си со Вашите книги, комбинирајте и поставувајте ги и вертикално и хоризонтално. Ќе заштедите простор, а полицата ќе добие динамика и уметничко чувство.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]