FUTURA – The Future Is Here
За време и свет кој никогаш не стои мирно. Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат иднината.
Elena Luka Home нема да го дозволи тоа и затоа Ве носи на едно поинакво патување. Дали сте подготвени да зачекорите кон Вашата иднина?
Вашите соништа за денешницата ја создадоа ФУТУРА – нов ексклузивен станбено-деловен објект.
Објектот ФУТУРА дизајниран од нашите архитекти денес, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.
Кога ќе ја здогледате ФУТУРА секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба.
Вкупната бруто изградена површина на ФУТУРА изнесува 4.332m2 (П+7+ПК).
Актуелниот деловен простор од 317m2 на ФУТУРА со својата нагласена височина и дизајн е ексклузивен и како таков е наменет за комерцијално-деловни содржини.
Тој е внимателно проектиран на тој начин што е осветлен и збогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футуристички објект како ФУТУРА и преку својата отвореност овозможува лесна комуникација со минувачите и главниот булевар, преку своите големи стаклени површини кои дополнително овозможуваат проток на природната светлина и на тој начин го прават овој деловен простор магнетно привлечен за Вашите потенцијални клиенти, со тоа и Вашиот иден бизнис ќе има загарантиран успех.
Авантуристичкото домување на ФУТУРА е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 7 ката и поткровје.
Динамичната организација на внатрешниот план на ФУТУРА наизменично се менува по нивоата во два карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на ФУТУРА.
Секоја станбена единица е внимателно проектиран посебен свет, токму како што сите сме различни, а поврзани со една мисла – патување кон иднината.
Становите воедно одговараат на сите традиционални потреби на едно семејство, но одговараат и на современиот и модерен човек кој е подготвен да зачекори кон својата иднина.
Програмската структура на делот за домување на ФУТУРА се состои од 33 двособни, 17 трособни и 6 четирисобни станбени единици со квадратура од 39m2 до 83m2. Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина.
Се што треба да направите е да го изберете Вашиот иден чекор, ФУТУРА секако ќе го следи секое Ваше движење.
Резервирајте ја Вашата иднина на 077/415-094 и 02/310-3816.