Блог

07 lokacija dneven

Нашиот нов објект ФУТУРА е лоциран во најголемата, најстарата (3000-4000 год.) и најразвиената македонска општина.

Местоположбата на ФУТУРА е внимателно избрана во најплодната Скопска котлина низ која поминуваат реките Вардар и Маркова река по која општината го добила името. Општината ја провејуваат и постојано ја освежуваат Јужниот ветар и Вардарецот.

Низ Кисела Вода поминувала и една од најзначајните патни комуникации во историјата – Вардарскиот пат чија патека се употребува до ден денес.

Лоцирана на самиот булевар „Борис Трајковски“ на само 7 минути од центарот на градот, ФУТУРА  со атрактивните квадратури, идеалниот распоред, уникатната и модерна фасада ќе ги задоволи потребите на сите футуристи кои сакаат да отскокнат од шаблонското домување кое се нуди.

Локацијата на ФУТУРА е исто така значајна бидејќи овозможува пристап и до индустриската зона, каде што многу големи компании имаат свои седишта.

На местото на општината исто така се протегала Јустинијана Прима која била многу значајна во зачетоците на православието бидејќи бил седиште на автокефална црква која била трета по ранг. Во ова време почнало и населувањето на Словените од зад Карпатите, што придонело кон менување на целокупното културно живеење.

На 29 јуни 1955 година била донесена Одлука за формирање на Општината Кисела Вода која по војната за кус период доживува вистинска експанзија. Многу било вложувано во општината, се засилиле стопанството и индустријата преку изградба на индустриски капацитети. Тоа донело многу нови вработувања и прилив на население кои се доселувале тука заради сигурната работа. И градежништвото е во подем – изградени се нови населби – Аеродром, Јане Сандански и Лисиче до с. Горно Лисиче и индустриски капацитети на Охис, Усје, Раде Кончар, Тутунски Комбинат и др. Со текот на времето, дел од населбите се одвојуваат во посебна општина.

Во моментов Општина Кисела Вода започнува од надвозникот на железничката пруга и улицата „Трета македонска ударна бригада” (тромеѓа на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар) и се движи по трасата на старата железничка пруга до надвозникот на булеварот „Кочо Рацин”, се движи по улицата „Бихачка”, улицата „Црниче” и улицата „346” и излегува над Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС, односно на тромеѓата на општините Центар, Карпош и Кисела Вода, продолжува по границата на парк шумата „Водно” до локалитетот „Теферич”, продолжува по катастарската граница КО Сопиште и КО Драчево до железничката станица Драчево, свртува на северо-запад по железничката пруга Скопје-Велес, како граница со Општина Аеродром до надвозникот на улицата „Трета македонска ударна бигада” (тромеѓа на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар).

Општината Кисела Вода изобилува со трговски објекти – Кисела Вода, Рампа, но и голем број на маркети како Веро, Тинекс, Рамстор, Кам, Стокомак и др. Всушност, Кисела Вода е на 2-ро место по регистрирани трговски објекти во РМ зад општина Центар.

По осамостојувањето на Македонија во 1991 год. подигната е нова индустриска зона од цементарница Усје кон населба Драчево од левата и десната страна на бул. Борис Трајковски, со што Кисела Вода станува еден од најразвиените индустриски центри.

Континуирано се уредуваат маалата, па затоа денес Кисела Вода ја краси модерна инфраструктура со урбани целини. Изградени се многу плоштади со клупи за одмор, детски игралишта и спортски реквизити, а хортикултурно  се уредени и многу простори.

Општината има и развиена здравствена мрежа – тука влегуваат и здравствените домови, Вардар, Кисела Вода, Браќа Миладиновци, но и многу приватни лаборатории и ординации.

Општината Кисела Вода е модерна општина која се стреми да ги задоволи сите потреби на своите граѓани, а гордо чекори и во новата деценија на 21 век. Со градби како ФУТУРА   и многу нови станбени објекти, Кисела Вода добива лик на една модерна и урбана населба направена по светски терк.

Author: maja.novakoska