БУРЏ АЛ БАБАС – ГРАДОТ ОД 732 МИНИ ЗАМОЦИ КОЈ СТАНА ГРАД НА ДУХОВИ
Бајка која требаше да стане елитна европска оаза, но заврши како најпознатиот напуштен проект на модерната архитектура.
Архитектурата честопати раскажува приказни за успеси, визии, мегаломанија и амбиции. Но, понекогаш таа раскажува и приказни за нереализирани соништа, пропаднати инвестиции и парадокси на современиот урбанизам.