НИЕ КАКО КОМПАНИЈА СЕ СТРЕМИМЕ КОН КРЕИРАЊЕ НА НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ДОВЕРБА И ИНТЕГРИТЕТ СО НАШИТЕ КЛИЕНТИ.

Ние како компанија се стремиме кон навремено и активно вклучување во почетните фази на проектирање заради поефикасно управување со проектот во целина, обезбедување на ефективни решенија за управување со објектот, идентификување на предизвиците во рана фаза на градба заради минимализирање на промените кои се детектираат во фаза на изградба на објектот.
Активното вклучување во севкупниот процес на градба вклучува детално планирање пред почеток на градење на објектот, планирање од суштинско значење за успешна изградба на објектот и завршување на обврските во предвидените рокови.
Деталното планирање му овозможува на клиентот и на работниот тим јасно прецизирање на зацртаните цели во фаза на планирање и изградба, како и дефинирање и усогласување на останатите фази на проектот во целина.
Градежни работи
Услуги
• Определување на трошоци на проектот врз основа на буџетот со кој располага клиентот, со што клиентот однапред ја знае цената на проектот во почетната фаза на планирање а не откога понудите ќе бидат предадени во фаза на градба.
• Проектите се завршуваат побрзо и поефикасно споредбено со конвенционалните планови за изработка на проектот.
• Префрлање на одговорност врз изведувачот на објектот, кој треба да гарантира навремена изведба во предвидените рокови, со што се редуцира ризикот за ненавремено извршување на предвидените работи.
• Изведувачот е упатен во проектантскиот процес , добро запознаен со деталите, што резултира со пониски цени и повисок квалитет на градба.