Прочитај повеќе
ЕЛЕНА ЛУКА – Најуспешниот македонски моден бренд кој што направи револуционерен прогрес на модната сцена
Елена Пандева се издвојува како единствената деловна жена, која како бизнис лидер успешно ги спои модата и архитектурата. ЕЛЕНА ЛУКА е нејзиниот меѓународно реномиран моден бренд посветен на високата мода, но ја отелотворува и уникатната естетика што ја поврзува со ELENA LUKA HOME.
Успешната приказна за ЕЛЕНА ЛУКА започна во 2008 година, но идејата и визијата за овој интернационално познат моден бренд, постоеја многу одамна. Под водство на Елена Пандева, ЕЛЕНА ЛУКА е бренд кој благодарение на својот оригинален концепт на работа, уникатните идеи, продукцијата на авангардна мода, стана синоним за најуспешен моден бренд и водечка модна куќа која функционира според светски стандарди.
Како амбасадор на македонската мода, ЕЛЕНА ЛУКА низ годините имала голем број успешни соработки и презентации, надвор од Македонија. Вклучително и учество во ралични проекти, модни саеми и модни ревии во Австрија, Швајцарија, Србија, Бугарија, Турција, Америка...
Креациите на ЕЛЕНА ЛУКА се карактеризираат со највисоко ниво на квалитет, уникатен и иновативен дизајн, со што брендот стана избор на многу дами кои бараат авангарден и ексклузивен стил.
На годишно ниво, ЕЛЕНА ЛУКА редовно продуцира уникатни сезонски колекции, ready-to-wear линии, луксузни колекции венчаници, како и авангардни custom-made креации кои пленат со својот луксузен, префинет и оригинален дизајн.
ЕЛЕНА ЛУКА е првиот македонски бренд што отвори ексклузивна онлајн продавница со уникатен дизајнерски програм во повеќе категории, со што брендот стана достапен за својата клиентела на интернационално ниво. Благодарение на својот модернизиран и иновативен концепт на работа и ексклузивната понуда, онлајн продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА во 2024 год. го доби признанието за Најдобра онлајн продавница основана од жена, на E-commerce наградите.
ЕЛЕНА ЛУКА е препознатлива и како бренд со најексклузивните продажни салони на повеќе локации во Македонија: Скопје, Струмица и Тетово.
Поврзување на модата и архитектурата
Една од уникатните карактеристики на работата на Елена Пандева е нејзината способност да ги спои модата и архитектурата во еден креативен израз. Овој интердисциплинарен пристап е видлив во сите нејзини проекти, каде естетиката на модата се пренесува во дизајнот на објектите што ги гради ELENA LUKA HOME. Ваквата симбиоза помеѓу модата и архитектурата создава уникатни проекти кои се издвојуваат по својот визуелен израз, светски квалитет и функционалност.
FashionEL.mk – првиот и најпознат моден онлајн магазин
Во 2013 година, како продолжение на успешната модна приказна на ЕЛЕНА ЛУКА, Елена Пандева го основаше и модниот онлајн магазин FashionEL.mk. Овој онлајн медиум брзо стана водечки моден портал во Македонија, претставувајќи ги најновите трендови од домашната и меѓународната модна сцена. FashionEL.mk веќе повеќе од 11 години е платформа која ги информира, инспирира и вмрежува читателите, како и модните инсајдери.
Филантропија и општествена одговорност
Како голем филантроп и поборник за општествена одговорност, Елена Пандева активно учествува во проекти кои имаат позитивно влијание на заедницата. Нејзините компании редовно ги интегрираат принципите на општествена одговорност во своето работење, поддржувајќи различни иницијативи кои придонесуваат за општествен развој и заштита на животната средина.
Признанија и награди
За нејзиниот исклучителен придонес во македонската економија и општество, Елена Пандева е наградувана голем број пати. Меѓу бројните награди и признанија се вклучително и за Жена менаџер на годината во 2010, како и наградата за Супербренд на годината во 2013/14 за ЕЛЕНА ЛУКА и Елена Пандева како нејзин сопственик и генерален директор. Во 2024 год, онлјан продавницата на ЕЛЕНА ЛУКА е прогласена за Најдобра онлајн продавница основана од жена, во рамки на E-Commerce наградите. Исто така, 2024 беше особено успешна година во која успехот на ELENA LUKA GROUP беше верифициран со исклучително значајни награди: Награда за Македонски квалитет која и беше доделена на Елена Пандева од претседателката г-ѓа Гордана Сиљновска Давкова, а во организација на Стопански комори на Македонија. Исто така успехот на Елена Пандева беше крунисан и со наградата Жена на годината, а нејзината улога како филантроп беше верифицирана и со престижната награда Ability Awards – Лидерство за различности. Магазинот backstage во 2024год и ја додели и наградата Најуспешна бизнис жена на годината.Успехот на Елена Пандева е резултат на долгогодишен труд, визија и посветеност, што ја издвојува како пример за многу млади претприемачи. Нејзиниот меѓународен успех беше верифициран и со наградата Best Business Award која и беше доделена во Софија, Бугарија во рамки на престижниот интернационален настан Women Leaders Awards.