Тинејџерска дуплекс соба
Комфорна дуплекс соба наменета за живеење на тинејџер со модерен дух, според потребните за интимност и динамичност со употреба на меки и природни материјали.
Висината на плафонот дозволува поставување на скали каде просторот за спиење е на горниот полукат врамен во стакло, а потпора на истиот е гардероберот.
Поголемиот дел од мебелот и деталите се рачна изработка, а останатиот дел од мебелот е увозен.