FUTURA - Elena Luka Home

FUTURA

За време и свет кој никогаш не стои мирно. Промената е клучниот фактор во животот. Велат дека оние кои гледаат само во минатото и сегашноста ќе ја пропуштат иднината.

Elena Luka Home нема да го дозволи тоа и затоа Ве носи на едно поинакво патување.

Вашите соништа за денешницата ја создадоа ФУТУРА – нов ексклузивен станбено-деловен објект.

Објектот ФУТУРА дизајниран од нашите архитекти денес, може да живее уште 100 години и да ги раскажува и прераскажува приказните од минатото, а истовремено и да ја обликува иднината.

Кога ќе ја здогледате ФУТУРА секако нема да останете рамнодушни. Објектот во целото свое здание со својата форма и фасада укажува на брзина, на динамичност, на движење. Истата таа динамичност ФУТУРА ја има и во себе, провлекувајќи се во секој кат, во секој стан, во секоја соба.

Вкупната бруто изградена станбена површина на ФУТУРА изнесува 3.914m2 (П+7+ПК).

Авантуристичкото домување на ФУТУРА е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 9 ката и поткровје.

Динамичната организација на внатрешниот план на ФУТУРА наизменично се менува по нивоата во два карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на ФУТУРА.

Програмската структура на делот за домување на ФУТУРА се состои од двособни, трособни и четирисобни станбени единици со квадратура од 37m2 до 83m2. Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина.

Секоја станбена единица е внимателно проектиран посебен свет, токму како што сите сме различни, а поврзани со една мисла – патување кон иднината.

Становите воедно одговараат на сите традиционални потреби на едно семејство, но одговараат и на современиот и модерен човек кој е подготвен да зачекори кон својата иднина.

Актуелниот деловен простор од 317m2 на ФУТУРА со својата нагласена височина и дизајн е ексклузивен и како таков е наменет за комерцијално-деловни содржини.

Тој е внимателно проектиран на тој начин што е осветлен и збогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футуристички објект како ФУТУРА и преку својата отвореност овозможува лесна комуникација со минувачите и главниот булевар, преку своите големи стаклени површини кои дополнително овозможуваат проток на природната светлина и на тој начин го прават овој деловен простор магнетно привлечен за Вашите потенцијални клиенти, со тоа и Вашиот иден бизнис ќе има загарантиран успех.

Нашиот нов објект ФУТУРА се наоѓа во Општина Кисела Вода, најголемата, најстарата и најразвиената македонска општина. Лоциран е на самиот булевар „Борис Трајковски“ на само 7 минути од центарот на градот.

Низ овој дел од градот постојано провејуваат Јужниот ветар и Вардарецот и го освежуваат воздухот.

Општината Кисела Вода изобилува со трговски објекти – Кисела Вода, Рампа, но и голем број на маркети како Веро, Тинекс, Рамстор, Кам, Стокомак и други.

Општината има и развиена здравствена мрежа – тука влегуваат и здравствените домови Вардар, Кисела Вода, Браќа Миладиновци, но и многу приватни ординации и лаборатории.

Share: