LUXURY HOMES - Elena Luka Home

LUXURY HOMES

LUXURY HOMES

На дадената локација е предвидена изградба на станбено деловна зграда П+9+Пк со 126 станбени единици. Во однос на типологијата на станови, зградата располага со двособни, трисобни и четирисобни станови како и комбинација на спојување меѓу две станбени единици. Во подземните нивоа на објектот е сместено паркирањето, додека во приземните делови на објектот се сместени станбени и деловни простори. Станбените единици се протегаат по вертикала долж објектот.

Архитектурата на објектот ја прати волуменската искористеност при што се добиваат функционални станбени единици во рамки на објектот. Во однос на материјализацијата, применета е демит фасада со извонредни карактеристики на добар термички изолатор.

Share: