Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен и топол простор со естетика која ќе одговори и на новите трендови, но и класичноста, искористена е палетата на беж, сиви и топли бели тонови. Исто така, направена е комбинација на материјали со различна текстура, како што се под во топли дрвени нијанси, мермерни елементи и метал, кои искомбинирани на вистински начин, се совршен спој.
Во дневната соба, направена е комбинација на топли тонови на сива, кафена и кремова, а вметнати се и метални елементи во индустриски стил, кои во комбинација со дрво и остатокот од мебелот, му даваат на просторот впечатливост. Посебно внимание е посветено и на осветлувањето и лустерите, кои што му даваат на просторот елеганција.
Дневната и кујната се поврзани и просторно и тематски, правејќи ги комплементарни, а сепак посебни и внимателно уредени. Користени се чисти линии и нијанси, одлична комбинација за сите што преферираат класична, елегантна и минималистичка естетика.
Кујната е во нежна беж-бела комбинација, а истата палета бои е задржана и во спалната соба. Плакари со стаклени површини и дискретно осветлување, даваат доза на луксуз, која сосема соодветствува за овој дел од станот.
Запознајте го Melody of Wisdom I – 50m2