Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен и топол простор со eстетика која ќе одговори и на новите трендови, но и класичноста, искористена е палетата на беж, сиви и топли бели тонови.
Исто така, направена е комбинација на материјали со различна текстура, како што се под во топли дрвени нијанси, мермер, метални елементи, што го прават просторот исклучително впечатлив.
Во дневната соба, со цел полуксузен изглед се искомбинирани топли тонови на сива и кремова, а посебно металните елементи кај ѕидовите.
Дневната и кујната се поврзани и просторно и тематски, правејќи ги комплементарни, а сепак посебни и внимателно уредени. Користени се чисти линии и нијанси, одлична комбинација за сите што преферираат класична, елегантна и минималистичка естетика.
Кујната е во нежна сиво-бела комбинација, додека во спалната соба се користени истите бои во малку поинтензивна нијанса, а во комбинација со златни тонови. За доза на луксуз и елеганција, вметнати се интересни светилки и елементи со метален сјај.
Запознајте го Melody of Wisdom II – 50m2