Aurora – Внатрешно уредување на стан во објект FUTURA

Секој кој барем еднаш бил сведок на аурора, ќе ја памети до крајот на животот. Древните грчките поети го користеле ова име како метафора за зората, честопати споменувајќи ја како игра на небото.

Токму Вие кои ќе ја изберете Futura Aurora 59m2 – трисобен стан со голема дневна соба, спална и детска, ќе живеете во овој совршено природен феномен. Нијансите на зелена, жад, смарагд, како и азурните нијанси кои зрачат со пријатна енергија ќе бидат вистинска хармонија за Вас и Вашето семејство.

Големината на дневниот престој и неговата отвореност со трпезарија е зенот и главен функционален простор кој Ви е најпотребен за да се чувствувате исполнето и среќно. Малата интимна тераса е само потсетник на Aurora и Ваше катче кон отвореното небо.

Со детално искористена квадратура, со силен карактер на природата и со спокој за кој вреди да се живее, Aurora е идеален избор за сите семејства и нивните дечиња кои треба да растат во вакво окружување.

Aurora
Aurora
Aurora
Aurora
Aurora
Aurora
Aurora
Aurora

За подетални информации во врска со овој стан