Divine

DIVINE-1

Welcome to DIVINE Living

Под падините на Водно, веднаш по подвозникот и познатото училиште Кузман го сместивме префинетиот објект DIVINE.
Неговата уникатна архитектура, мермерните вертикали и кружните сводови се одлики на историската Викторијанска архитектура чија и основна функција е да тежнее кон елеганција измешана со најсовремени форми и трендови од модерната архитектура. Овој наш објект наменски е направен помал од останатите со цел да ги опфатиме желбите на сите наши клиенти и сите атрактивни локации во Скопје.

DIVINE-2

Вистинска сензација која како бисер ќе заблеска на улицата Томе Арсовски веднаш спроти една од најубавите и најстари цркви во градот – Св. Петка.
Надворешните елементи се изведени до совршенство, создавајќи впечатлива фасада со заоблени прозорци кои обезбедуваат безвременски изглед и присуство и го прават DIVINE смирен, интимен и со пријателски карактер.
Класичните пропорции се искомбинирани во современ ритам на длабоки заоблени отвори поставени во белата фасада која е пресечена со вертикали од мермерни плочи, создаваат атмосфера на трајна елеганција.

DIVINE-3

Становите ги одликува исклучителен дизајн  во секој детал. Тие нудат исклучителна фунционалност и претставуваат оаза на мир за оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат во Македонската престолнина. Внимателно одбраните уметнички форми, текстури и материјали низ целиот објект, се инспирирани од најубавата и најелитна скопска населба.

DIVINE-4

Експертно изработен со природни детали и безвременска софистицираност, DIVINE нуди 4 луксузни резиденции и два ексклузивни дуплекси.
• трособен дуплекс 96 м2 на приземје и први кат
• трособен дуплекс 104 м2 на втори кат и поткровје
• трисобен 123 м2 приземје
• четирисобен 200 м2 први кат
• четирисобен 200 м2 втори кат
• четирисобен 197 м2 поткровје
Сите станови се обезбедени со паркинг места решени со подземно паркирање 14 + 2 партер.

DIVINE-5

ЕЛ луксузното домување нуди комфорен и елегантен животен стил, кој ја привлекува клиентелата со изострени сетила, оние кои ги вреднуваат префинетите нешта во животот.
DIVINE е репутација за перфекција во квалитет, дизајн и изведба.
Хај-енд финиши и материјали, мермерни површини како и хај-енд апликации.
DIVINE – Наменет за креативци кои го вреднуваат луксузот и комфорот.

DIVINE-6

Во потрага сте по квалитетни станови и професионални градежни услуги?