Dominium

DOMINIUM – Чувството на новиот живот.

RENDER-NOV-za koristenje

Затворете ги очите и замислете се што сакате од својот нов живот. Почувствувајте го смирениот звук на долгите прошетки по кејот, смирениот вардарец, жуборот на реката. Замислете безброј можности, сигурност, удобност, квалитет. Слобода секој Ваш избор да биде одраз на она што Ве прави личност каква што сте. Замислете среќа и исполнетост. Сега отворете ги очите. Не мора повеќе да замислувате. Добредојдовте во DOMINIUM – Вашиот нов живот.

DOMINIUM-Oddalecenost - znacajni tocki crop

Главната карактеристика на оваа единаесеткатница претставува фасадата која е разложена низ пропорционални блокови кои формираат впечаток на зграда која е идеална за објект на булевар.

DOMINIUM нуди исклучителна поврзаност со градот и изобилува со природно осветлување и е голем чекор за иднината.

DOMINIUM има 11 ката од кој првиот кат е деловен простор.

Становите во DOMINIUM се осмислени како единствени, квалитетни и комфорни домови, со структури од двособни до четворособни станови.

Станбениот дел на DOMINIUM го сочинуваат вкупно 100 стана, распоредени на 10 ката, односно по 10 стана на секој кат. Становите се со квадратура од 46 до 85м2 (три двособни: 46м2, 55м2, 58м2; пет трособни: 58м2, 66м2,67м2,67м2, 73м2, 77м2; еден четворособен од 85м2).

За секој стан прописно има обезбедни доволни паркинг места од поделени во две подземни нивоа и на партер кои можат да бидат Ваши по актуелни цени.
Деловниот простор се простира на површина од 532 м2 поделен во три единици.

DOMINIUM располага и со подрумски простории што дополнително ќе Ви го олеснат Вашето домување.

RENDER-NOV(noken)-za koristenje