БРУТО
КВАДРАТУРА
6,106м²
Иновација. Прогрес. Позитивен импакт преку архитектурата. Твојата визија за совршен дом. Релации, наследство и спомени. Иднината на домувањето каде човекот и заедницата се приоритет. THE FUTURE IS HERE. Добредојдовте во FUTURA, првиот станбено-деловен објект од ексклузивниот FUTURA Complex.
Домувањето во FUTURA е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици, карактеризирани со движење и проток, организирани на 7 ката и поткровје. Динамичната организација на внатрешниот план се менува по нивоата во два карактеристични ката, создавајќи серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на објектот.
Вкупната бруто изградена станбена површина на FUTURA изнесува 3.914 м² (П+7+ПК). Програмската структура на делот за домување вклучува двособни, трособни и четирисобни станбени единици со квадратури од 37 м² до 83 м². Секоја станбена единица ги комбинира сите квалитети на современото домување: функционален распоред, максимално искористен простор, одржливост, енергетска ефикасност, модерен дизајн и имплементација на висококвалитетни материјали.
Становите во FUTURA одговараат на традиционалните потреби на едно семејство, но исто така се прилагодени на современиот и модерен начин на живот. Ова е место каде што ќе ја создавате вашата иднина, со можност за откривање на нови светови.
Деловниот простор во FUTURA е со површина од 317 м², нагласена височина и футуристички дизајн, наменет за различни типови на комерцијално-деловни содржини. Овој простор е внимателно проектиран, осветлен и збогатен со конструкциски материјали кои се карактеристични за футуристички објекти. Големите стаклени површини овозможуваат проток на природна светлина и лесна комуникација со минувачите и главниот булевар, правејќи го привлечен за потенцијални клиенти и гарантирајќи успех за вашиот бизнис.
FUTURA се наоѓа во Општина Кисела Вода, најголемата, најстарата и најразвиената општина во Македонија. Објектот е лоциран на самиот булевар „Борис Трајковски“, на само 7 минути од центарот на градот. Околината е обележана со развиена социјална инфраструктура и свеж воздух благодарение на Јужниот ветар и Вардарецот.
The future is here! FUTURA е концепт кој ги исполнува сите очекувања за современ, урбан и одржлив животен стил.
БРУТО
КВАДРАТУРА
6,106м²
СТАНБЕНИ
ЕДИНИЦИ
56
КВАДРАТУРИ
37м² ДО 83м²
СТАТУС
ЗАВРШЕН
ДЕЛОВЕН
ОБЈЕКТ
317м²
Модерен и иновативен дизајн и функционален распоред
Висока енергетска ефикасност
Премиум сертифицирани градежни материјали од европско производство
Атрактивен деловен простор од 949м2
бул. "Борис Трајковски", општина Кисела Вода (на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје)
Станбени единици со голем избор на квадратури од 35м2 до 88м2