бул. Борис Трајковски, Кисела Вода

Futura 2

Специфичен и уникатен од секој аспект, FUTURA 2 e вториот премиум станбено-деловен објект во концептот FUTURA Complex, кој се надоврзува на успешната приказна на добро познатиот објект FUTURA 1.

Сигурност, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, иновација, одлична локација – FUTURA 2 е иднина каква што сите посакуваме.
Уникатната и необична фасада допринесува објектот да отскокнува од своето опкружување и да претставува печат на градот преку својот специфичен архитектонски израз.

Добро организираните станбени единици кои изобилувааат со природна светлина се карактеризираат со висок степен на опременост и на финализација со естески избалансирани материјали и елемeнти кои се одлична подлога и подржуваат различни стилови на ентерирерно уредување. Исто како индивидуалните станбени единици, посебно внимание е посветно и на заедничките простории, влезовите, холовите и коридорите, каде преку вграденете висококвалитетни материјли со специфични текстури се создава пријатен амбиент што го оплеменува движењето низ објектот.

Една од многуте предности на FUTURA 2 е и одличната локација. Се наоѓа во Општина Кисела Вода, на самиот булевар „Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на градот, во одлично опкружување со развиена социјална инфраструктура и сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек.
Дизајнот на фасадата директно ја одразуваа динамичноста на внатрешноста на објектот каде организацијата на два различни карактеристични ката наизменично и ритмично се повторуваат по целата вертикала. Таа динамичност и просторен дуалитет се исцртуваат на надворешноста на објектот и оттука името FUTURA 2. Како и во секој сегмент на своето работење, така и во однос на фасадата, ELENA LUKA HOME секогаш внимава на уникатниот и автентичен дизајн со што остава свој незаменлив печат во современата архитектура.
FUTURA 2 се карактеризира со голем број предности. Пред се за неговиот квалитет придонесува разработката на секој детаљ како од техничко-функционален така и од естетски аспект. Вградени се висококвалитетни материјали и елементи со високи перформанси од реномирани производители. Како резултат на тоа, објектот се одликува со одлична звучна изолација, енергетска ефикасност, пријатна микро клима и убав релаксирачки амбиент создаден преку усогласени ненаметливи природни материјали, текстури и бои во кој на наше големо задоволство идните станари целосно ќе уживаат.
Домувањето во FUTURA 2 на површина од 17.801 м2, вклучува 135 станбени единици со различна типологија и голем избор на квадратури од 35м2 до 88м2, сите со одличен и функционален распоред, проектирани со цел да ги задоволат и најпрефинетите вкусови и да одговорат на сите потреби на современиот човек.
Она што му е потребно на секој бизнис е совршен деловен простор којшто ќе одговори на сите негови потреби. FUTURA 2 го има иделното решение. Со својата одлична локација на самиот булевар Борис Трајковски, објектот нуди атрактивен деловен простор на вкупна површина од 949м2 што може да се адаптираат според потребите на различни комерцијално-деловни содржини.
Со вкупно 135 паркинг места распоредени на три минусни нивоа, секој станар има можност за обезбедено паркинг место.

  • Бруто Квадратура 17,801 m2

  • Станбени единици 135

  • Вид Апартмани

  • Статус Завршени

Интерактивна презентација

дизајн

Модерен и иновативен дизајн и функционален распоред

Енергетска ефикасност

Висока енергетска ефикасност

Материјали

Премиум сертифицирани градежни материјали од европско производство

Деловен простор

Атрактивен деловен простор од 949м2

Одлична локација

бул. "Борис Трајковски", општина Кисела Вода (на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје)

Апартмани

Станбени единици со голем избор на квадратури од 35м2 до 88м2

Кисела Вода, Скопје

бул. Борис Трајковски

  • Маркет: 400M
  • Железничка станица: 3КM
  • Аеродром: 23КM
  • Школо: 650M
  • Болница: 3,5КM
  • Автобуска станица: 3КM
  • Парк: 600M
Одете на локација
Одете на локација
mk_MKМакедонски јазик