Интерактивна презентација
*за повеќе информации, кликнете или притиснете врз одреден кат

Living Large - Приземје
Living Large - Први кат
Living Large - Втори кат
Living Large - Трети кат
Living Large - Четврти кат
Living Large - Петти кат
Living Large - Шести кат
Living Large - Седми кат
Living Large - Осми кат
Living Large - Деветти кат
Living large - Поткровје
Living Large - Паркинзи
Топ понуда: Нови семејни станови во Аеродром од 43 до 89м2
Станбениот комплекс „EL Home – Eco Home“ совршено се вклопува во природното окружување на една од најубавите скопски населби при тоа оставајќи впечаток на елеганција уште на прв поглед благодарение на модерниот дизајн и испробаните материјали со врвен квалитет. Исклучителната посветеност на компанијата „Elena Luka Home“ како инвеститор се огледува во примената на квалитетната градба во склад со Европските стандарди, но и комфорот на кој нашата компанија обрна посебно внимание.
За тоа најдобро сведочи организацијата на становите со различни структури и површини од двособни до четворособни, кои се распоредени на вкупно единаесет ката во станбениот објект „Living Large“ (втор објект од гореспоменатиот комплекс кој е опремен со три лифта).
Така веќе од 43 м2 постои одвоена спална соба, додека во 52 м2 се сместени две спални соби со комфорна дневна зона. Рационалната организација во која секој метар квадратен максимално е искористен да им заштеди пари на купците и воедно да обезбеди максимално функционален дом.
ДЕТАЛИ ЗА ЗГРАДАТА
Локација: | ул. Фрањо Клуз - Аеродром |
---|---|
Станбен простор: | 9.030 m2 |
Паркинг места: | 113 |
Завршен: | Јуни 2017 |
Функционални и топли двособни станови (од 43 до 45м2)
Максимално рационалната организација на овој двособен стан овозможува веќе во 43 м2 на располагање да имате комфорна дневна зона, но и доволно место за поголем кревет во спалната соба па дури и два кревети ако планирате таа соба да ја користите како детска. И не е само тоа, во станот се наоѓа и вграден плакар со голем капацитет, така што ни складирањето на работи нема да претставува голем проблем.
Во влезниот дел постои доволно место за остава на сите потребни ситници и предмети, за да не ги оптеретувате централните простории на станот. Пространата и широка дневна ќе ви обезбеди секојдневна удобност и одмор по напорниот ден, а спалната соба организирана е така што по целата должина можете да поставите вграден плакар така што ќе го решите проблемот со „вишокот на работи“.
Повеќеслојниот дабов паркет во станот, увозната шпанска ѕидна и подна керамика, но и надворешните ѕидови обложени со тврдо пресуван стиропор со завршен силикатен малтер (демит фасада) носат чувство на топлина во секој дом и го прават одличен избор за секое семејство.


Модерни трособни станови со врвна организација (од 53 до 72м2)
Во идеални 53 м2 сместени се две спални соби и пространа дневна. Кујнскиот дел преку трпезаријата е поврзан со дневната зона, додека ноќната зона е изолирана целина во овој стан.
Сите ѕидови од санитарни чворови и кујната се од цврст материјал, со бела завршна боја. Паркетот е дабов по целиот стан, а керамиката италијанска. Совршената изолација на станот е постигната благодарејќи на петкоморните ПВЦ профили со нискоемисионо стакло со клима блок, надворешни термоблок ѕидови и внатрешни меѓустанбени сендвич ѕидови со лесни плочи од тврда волна.
Ова е уште еден доказ дека „Elena Luka Home“ како инвеститор води сметка за квалитетот на животот на идните станари за да го подигне на што повисоко ниво.
Четворособни станови за сите потреби (од 89м2)
Функционалниот четворособен стан од се’ на се’ 89 м2 нуди решение за целото семејство. Дури три спални соби, внимателно проектирани како би ги задоволиле потребите на целото семејство, како и комфорна дневна соба со поглед на Водно и Центар нудат потполно уживање на идните станари.

НАШИТЕ КЛИЕНТИ КАЖУВААТ...
„Ми се допадна квалитетот на градба и одличниот распоредот на соби во квадратурата која ја избравме. Имаме неколку пријатели кои веќе живеат во станови на Elena Luka Home и се презадоволни, а сега имаме можност и лично да се увериме.“
„Користењето квалитетни материјали, одличната изолација и привлечната локација беа главните фактори кои влијаеа на мојот избор. Привилегија е да се живее во зграда направена од Elena Luka Home.“
„Имам само пофални зборови за Elena Luka Home. Она што беше ветено на почетокот, во целост беше реализирано на самиот крај. Топло ги препорачувам на сите кои сакаат да купат нов стан.“
„Бев презадоволен од начинот на работа, соработката со тимот и пред сè од квалитетот на градба. На сите што се во потрага по нов дом би им препорачал да ја изберат Elena Luka Home!“
„Кога ја видов фасадата знаев дека тоа ќе биде домот за моето семејство. Како се привршуваа работите се повеќе пријатно се изненадував. Идеална температура преку целата година поради поставеноста на објектот. Вентилирање на секој 7 минути на целиот објект. Нема непријатни мисири во влезот. Штедам енергија поради добрата изолација. Треба ли повеќе да зборувам… :)“

„Максимално искористен простор. Бидејќи сум на приземје уживам во погледот кон зеленилото, одлично партерно уредување. За моите внучиња ќе биде идеална средина за играње, градинка и училиште. Едноставно се е добро смислено, блиску ни е сѐ.“

„Одличен голем стан. Прекрасно избрани детали и првокласни материјали. Модерни плочки и санитарии. Стан од Elena Luka Home е совршен избор за четиричлено семејство. Им го препорачувам на сите млади родители.“
„Практичен, можам да бирам какво парно сакам, има три лифта, никогаш не чекам. Имам обезбеден паркинг и одличен пристап до него.“

„Мојата работа а и работата на моето момче се поврзани со интернет. Оптичката инсталација ни ги реши проблемите. Видеофонијата е прекрасна, знаеме понекогаш да се шегуваме со гостите. ;). Често патуваме надвор од земјата а железничката и автобуската ни се на чекор. За малку ќе ја заборавев панорамата, цело Скопје ни е на дланка.“

„Топ локација, сѐ ми е блиску, имам обезбедено паркинг. Немам зборови навистина се практични.“
