А со самата локација на улицата „Коце Металец“, во непосредна близина на парк шумата Гази Баба, MELODY на своите станари им нуди огромна предност: чиста зелена околина, со зелен појас од шуми и паркови на вкупна површина од дури 105 хектари, со што им се отвораат бројни можности за рекреација, социјализација и уживање во природното опкружување.
MELODY претставува импозантна архитектура со совршено вклопени и хармонично распоредени фасадни линии, со имплементирани најнови и најмодерни методи во изградбата. Следејќи ги светските тенденции во домувањето, на MELODY ѝ даваме посебна нота на естетика.
Современиот животен стил во MELODY го сочинуваат 54, двособни, трособни и четирисобни станбени единици со различна типологија, со дури 15 различни квадратури од 45m2 до 89m2.
Секој метар квадратен е внимателно дизајниран со цел да одговори на современиот начин на живот на секој станар што токму во MELODY ќе ги создава најубавите моменти во својот живот.
Ексклузивен деловен простор
Кога размислуваме за деловен простор, ги разгледуваме сите аспекти – градба, локација, функционалност, естетика…
А кога сето ова ќе се спои на совршен начин го добиваме деловниот простор во станбено-деловниот објект во изградба, MELODY лоциран на самиот влез на населбата Железара, на улица „Коце Металец“.
Приземјето во MELODY е резервирано за ексклузивен деловен простор кој што гарантира деловен успех. Четирите деловни единици поделени во два типа со квадратури од 106м2 и 87м2, совршено може да се прилагодат на потребите на различни бизнис дејности, а одличната локација на самата улица “Коце Металец“ и пространите излози со голема количина на природна светлина се дополнителна предност за секој што ќе реши овде да креира успешна бизнис приказна.
Неговата намена може да биде за раличен тип на бизниси од банки и маркети па се до ресторани и кафулиња.
Деловниот простор на MELODY, како и целиот уникатен објект ја задржува единствената модерна архитектура. Неговиот современ дизајн и пространост овозможуваат комфор и пријатен амбиент, што дополнително придонесуваат за неговата атрактивност.
ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ создава релации, спомени, персонализирано домување што одговара на барањата на секој поединец што токму во MELODY ќе го компонира својот животен стил.
MELODY – Новиот звук на градот!