Melody of Love – Внатрешно уредување на стан во објект MELODY

Со цел да се постигне безвременски, а сепак атрактивен простор со актуелна естетика, искористена е палетата на сиви тонови. Тие се искомбинирани со природни, дрвени и бели елементи што придонесуваат за топлина во домот.

Со комбинација на материјали со различна текстура, практични елементи и модни детали, најчесто изработени од дрво или пак во таква нијанса, просторот изгледа модерно, елегантно и сведено.

Во дневната соба, со цел искористување на просторот се вметнати дрвени полици, мали масички и табуретка, додека пак кујната е врзана со шанк и високи столици, што не само што се практични, туку и изгледаат одлично!

Во спалната должината на собата е искористена за совршени плакари, практични и секогаш потребни, а за финиот амбиент на секоја од собите придонесуваат и завесите во светла нијанса во комбинација со сиви драперии.

Запознајте го Melody of Love – 50m2

Melody of Love
Melody of Love
Melody of Love
Melody of Love
Melody of Love
Melody of Love
Melody of Love

За подетални информации во врска со овој стан